ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз
МИЦКОСКИ НЕМА ДА ОДГОВОРИ НА БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА ЗА НАБАВКА НА АВТОБУСИ
Премиерот Христијан Мицкоски нема да набави 250 автобуси како што побара скопската градоначалничка, Данела Арсовска во писмото.
Мицкоски не го прифати барањето на градоначалничката Арсовска тој да набави 250 автобуси затоа што советниците во градскиот совет не го дозволуваат тоа. Од Владата ѝ порачаа прво да почне да си ги плаќа ратите за автобусите од мандатот на претходникот Петре Шилегов и да го исплати долгот кон приватните превозници.ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ НАЈАВИЈА РЕДУЦИРАН ПРЕВОЗ
Oд понеделник приватните превозници нема да возат во Скопје со целосниот возен ред.
Тие одлучиле да воведат редуциран сообраќај, при што на секоја линија ќе сообраќа по еден автобус само еднаш во денот, наутро или навечер. Тоа значи дека од понеделник на скопските улици ќе има 150 автобуси помалку.
НАЈАВЕН СОБИР ПРЕД МОН, НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ
Јаким Неделков вели дека СОНК утре нема да учествува на никакви протести.
Претседателот на СОНК, Неделков по повикот на СДСМ за собир на наставниците утре пред Министерството за образование на социјалните мрежи објави статус во кои вели дека СОНК како најголем синдикат за образование и наука нема да учествува на никакви партиски организирани протести.ВО ШТИПСКО НОВО СЕЛО Е ПОДИГНАТ СПОМЕНИК НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ
Во штипско Ново село по повод 100 годишнината од загинувањето за Тодор Александров, македонски политички водач, војвода и еден од водачите на ВМРО е подигнат споменик, а иницијативата дојде од патриотското здружение „Мише Развигоров“ за што позитивно се изјасни и советот на локалната самоуправа.
