ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски најави ветерен парк во источниот дел на Македонија
МИЦКОСКИ НАЈАВИ ИНВЕСТИЦИЈА
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен мандатар, Христијан Мицкоски, на денешниот Енергетски форум објави дека големата енергетска инвестиција што ја најавуваше неговата партија е ветерен парк на истокот од земјата.
Меѓу првите странски директни инвестиции на новата влада ќе е инвестиција во енергетиката - нов ветропарк помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија, рече Мицкоски.СТАВРЕСКИ ЌЕ БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР?
ВМРО-ДПМНЕ одлучило да го предложи поранешниот вицепремиер за еконосмки прашања Зоран Ставрески за следен гувернер на Народна Банка, дознава ТВ21 од свои извори.
Аргументите да се поддржи кумот на поранешниот премиер Никола Груевски биле работно искуство што го имал во Светска банка и раководењето со Министерството за финансии.
Ставрески на таа позиција би дошол како независен експерт, бидејќи не станува збор за член на ВМРО-ДПМНЕ.ТАРАВАРИ КАЖА КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ
Арбен Таравари, еден од лидерите на коалицијата „Вреди“, во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 рече дека Арбен Фетаи, кој ќе биде назначен за нов вицепремиер за добро владеење (за борба против корупција) се родил и живее во Брисел, а во Македонија би дошол да биде функционер на една-две години.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Преку информација на Берзата, потврдена е информацијата за која Фактор пишуваше уште пред подолг период. Имено, Скопски пазар му го продаде објектот на Бриколаж на германскиот синџир маркети Лидл, за сума од над 9 и пол милиони евра.фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
