ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски му се јавил на Савески, но не зборувале за предметот со мазутот
МИЦКОСКИ МУ СЕ ЈАВИЛ НА ОБВИНИТЕЛОТ НЕНАД САВЕСКИ
Oд Обвинителството велат дека Јавниот обвинител на РСМ не може да спречи некого да му се јави телефонски. Ова следи по обвинувањата на СДСМ дека премиерот Христијан Мицкоски му дава задачи на јавниот обвинител Ненад Савески.
„Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на Владата на РСМ, но во разговорот во ниту еден момент не стана збор за детали од конкретен предмет, вклучително и за предметот за кој покажувате интерес. На прашање на Претседателот на Владата, во разговорот му беше кажано истото она што вчера беше јавно објавено од обвинителството во медиумите - дека предметот не е рефериран во републичкото обвинителство и дека државниот јавен обвинител за одлуката дозна по нејзиното донесување. Предметниот јавен обвинител од ОЈОГОКК одлучува самостојно. Имено согласно чл.3 од Законот за јавното обвинителство, обвинителството се организира според принципите на хиерархија и субординација, но почитувањето на овие принципи не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во вршењето на функцијата. Уставно загарантираната самостојност на Јавното обвинителство се обврзани да ја почитуваат сите“, велат од ОЈО.
ДЕВОЈКА СВЕДОЧЕШЕ ДЕКА ВО „ПУЛС“ ПРИМАЛЕ ПАРИ НА РАКАВо судница денеска се прикажуваа видеа кои траат неколку секунди за пожарот во „Пулс“ во Кочани.
Обвинителството посочуваше на видеа на кои се гледа ширењето на пожарот, потенцираше на чадот, големата посетеност на гости во објектот, но и на видеа откако се изгаснал пожарот-укажувајќи на самиот објект и материјалите, на прозорците, покривот, вратите..
„Пари ни даваше на рака. Газда беше Дејан Јованов, син му Михаил Јованов ни ги даваше инструкциите. Никогаш не одлучуваше за нешто без да го праша. Кога ќе куцневме на терминал, место фискална излегуваше сметка-испратница. Тие сметки ги чуваа келнерите. Тие ги викавме „црни пари”. Газдата Дејан, беше опседнат со пари, не' тераше да работиме се' и сешто. Хигиената беше на најниско ниво. Во „Пулс“ имаше просторија во која што се чуваше вино. Имаше пукната цевка, мирисаше лошо. Не' тераше да ја чистиме“, наведува Ана Томева, сведок.МВР ПОТВРДИ ДЕКА ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ БИЛ ПОВИКАН НА РАЗГОВОР
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бил повикан на информативен разговор во полициска станица на 7 мај, потврдија за МИА од Министерство за внатрешни работи.
Според МВР, Николовски бил повикан по наредба на Основно јавно обвинителство во СВР Скопје – Единица за економски криминал и корупција.
„Во тек се активности, по што соодветно ќе ја информираме јавноста“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.ВО КОЗЛЕ Е ЗАЛОВЕН ВОЛК
Од Зоолошката градина во Скопје попладнево информираа дека заловеното животно во Козле, не е куче, туку волк за што добиле потврда од експерти.
„По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец. Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите го потврдија. Животното не е чипирано, измерено е дека тежи околу 25 килограми, а од страна на стручните служби беше земена и крв за биохемиска анализа и дополнителни испитувања.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
