Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски имал чувство дека наскоро ќе се гонат поранешни премиери на СДСМ и нивни блиски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски имал чувство дека наскоро ќе се гонат поранешни премиери на СДСМ и нивни блиски

МИЦКОСКИ ИМАЛ ЧУВСТВО ДЕКА ЌЕ БИДАТ ГОНЕТИ КАДРИ НА СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на настанот на промоција на 100 нови возила за АД Пошта рече дека ситуацијата останува иста во Македонија за поранешниот премиер Никола Груевски, по победата на опозицијата во Унгарија, и дека останува на истата изјава која ја дал вчера.

Во тој контекст, Мицкоски му порача на СДСМ да упати апел до поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, да се врати во земјата, по побегството на крајот на 2024 пред обвинението за малверзации со јавна набавка за адитиви за термоелектраните.

- Она кое што загрижува е фактот што од опозицијата се уште не ја научија лекцијата и се уште живеат во оној свој паралелен свет, па никако не можете да слушнете, да речеме, да го повикаат Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата.

ВО СУД БЕА ПРЕЗЕНТИРАНИ ВИДЕА НА КОИ СЕ ГЛЕДА КАКО СТОЈАНЧЕ ЈА ТЕПА ИВАНА

Обвинителството заврши со покажување докази против обвинетиот за тешко семејно насилство Стојанче Јовановски, што довело до самоубиство на сопругата Ивана Јовановска, која скокна од балконот од семејниот стан со шестгодишната ќерка Катја. 

Обвинителката Адела Бојчевиќ ги пушти видеата од безбедносните камери кај катната гаража во близина на судовите во Скопје. Станува збор за настаните што се случиле неколку часа пред трагедијата, некаде околу пладне, на 3 март. Двајцата сопружници се расправаат, а таму, покрај нив, е сведокот Мартин Саздов.  На видеото се гледа како доаѓа полицијата двапати, на повик од Ивана, и како разговара со сопружниците одделно. Полицајците, и првиот и вториот пат, си заминуваат.

Во обвинението пишува дека ѝ порачале на Ивана дека доколку ги повика уште еднаш, ќе добие пријава за лажно пријавување.

ИМАШЕ ПРОТЕСТ ПРЕД УЈП

На денешниот брифинг со новинарите, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, соопшти дека по направена селекција биле издвоени 134 млади лица родени по 2000 година, во рамки на постапката за пријавување доход остварен во странство. Притоа беше посочено дека со дел од нив веќе се одржуваат средби, се даваат појаснувања за законските обврски и се разгледува можноста обврските да се подмират и на рати.

„Не станува збор за воведување оданочување на посебни категории граѓани, туку за примена на закон кој важи за сите граѓани“, изјави директорката на УЈП, Елена Петрова. Таа посочи и дека „нашиот пристап не е репресивен, прво информираме и даваме можност за доброволно усогласување“, како и дека „целта не е наплата на данок по секоја цена, туку обезбедување еднаков третман за сите“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Да се реновира станот пред да се понуди за продажба, според агентите за недвижности е добра идеја, која ќе вроди со плод. Тоа ќе помогне просторот да изгледа поубаво, и побрзо, полесно и по подобра цена да се продаде. 

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија преку огласи бара дури 19 кандидати кои би работеле во оваа институција во идниот период. Огласите се објавени на веб страната на Агенцијата за администрација.

Општина Охрид склучи договор за изградба на катна гаража во вредност од 1,73 милиони евра со охридската компанија „Топлина“ од селото Подмоље, фирма која неодамна влезе во фокусот на јавноста и поради големиот ангажман во РЕК Битола.

Владата на една од последните свои седници се согласи со непосредна спогодба преку договор за закуп да му отстапи земјоделско земјиште на ГЛОБАЛ ХАРВЕСТ ИНИШИЈАТИВ, меѓународна иницијатива со седиште во Вашингтон, зад која стојат големи американски агро-индустриски и технолошки компании. 

Каков е погледот од Пекинг кон „Трамп 2.0“, енергетските кризи и европските дилеми за соработка или ривалство со Кина, додека трансатлантското партнерство е разнишано.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести