ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски го разреши Рамадани, а Ацевски од СДСМ си поднесе оставка
МИЦКОСКИ ГО РАЗРЕШИ ХАЌИМ РАМАДАНИ
Хаким Рамадани потврди дека е разрешен од функцијата директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Претходно премиерот Христијан Мицкоски рече дека тој ќе биде симнат од функција поради коалициска непослушност, откако со кандидатот на ДУи заминаа заедно во странство да бараат гласачи-иселеници за локалните избори во Брвеница.
По поразот во трката за градоначалник на Брвеница и откако беше разрешен од функцијата директор, Рамадани од ВЛЕН вели дека останал невработен. Рамадани вели дека бара работа во приватниот сектор.КОСТАДИН АЦЕВСКИ ОД СДСМ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА
Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на СДСМ и претседател на општинската организација на партијата, Костадин Ацевски, поднесе оставка од својата партиска функција.
Во видео обраќање Ацевски истакна дека верува оти „е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Венко Филипче и целото раководство на СДСМ“.
Тој нагласи дека причините за неговата одлука не се само лошите изборни резултати, туку и, како што рече, „начинот на дејствување“ на раководството во изминатиот период.СЕ ПОЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ВО КИЧЕВО
Поранешниот премиер,претседател и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, повторно се најде на фотографија на социјалните мрежи за време на локалните избори, овој пат во Кичево., каде што по подолго време победата ја однесе македонски кандидат - Александар Јованоvски.
Фотографијата е објавена од Горан Карафилоски, истакнат активист на СДСМ од Кичево. Тој е бивш секретар на општинската органзиација на СДСМ Кичево и директор на едно училиште.
Карафилоски на Фејсбук објави фотографија на која Бранко Црвенковски седи со сопартијци од Кичево, за кои вели дека активно работеле Македонец да победи на изборите во градот и да се стави крај на раскалашната власт на ДУИ.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Уште една домашна банка успеа да оствари солиден раст на приходите од почетокот на годината, па се до крајот на септември.