Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски го покани Радев на средба

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски го покани Радев на средба

МИЦКОСКИ ГО ПОКАНИ РАДЕВ НА СРЕДБА

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно упати покана до новоизбраниот бугарски премиер Румен Радев, да ја посети Македонија.

– Кога победи Радев, јас следниот ден утрото му се јавив, му честитав и му посакав успешни добрососедски односи. Се надевам дека со оваа влада ќе може да разговараме за темите за кои треба. Не гледам причина зошто да не го поканам на средба. Ако ова е поканата вака, еве го поканувам – изјави Мицкоски.

ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА МИЦКОСКИ ЈА ДАВЕЛ СОПРУГАТА ПРЕД ДЕТЕТО

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против телохранителот на премиерот Христијан Мицкоски, кој е осомничен за семејно насилство врз сопругата. Насилството се случило по претходна расправија во семејниот дом, кога обвинетиот физички ја нападнал сопругата пред очите на нивната малолетна ќерка.

„Обвинетиот ја удирал оштетената по лицето и главата, а потоа ја фатил за вратот и почнал да ја дави“, информираат од Обвинителството.

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СМЕТ

Во Скопје утрово започна „Генералка викенд“, најголемата национална, волонтерска еколошка акција, во рамки на која илјадници граѓани чистат јавни простори во сите општини низ државата. Акцијата, која се одржува шеста година по ред, има цел да ја подигне јавната свест за заштита на животната средина и одговорно управување со отпадот, со активно вклучување на граѓани, институции, училишта и компании.

Настанот во Скопје го отвори претседателката Гордана Силјановска - Давкова, која во своето обраќање порача дека „Генералка викенд“ треба да прерасне од симболична акција во секојдневна животна навика.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата објави јавен повик за избор на еден член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење во Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје („Македонија пат“).

Иако нема некое посериозно истражување за тоа колку често македонските граѓани го менуваат мебелот, од продавниците велат дека луѓето не се во можност редовно да купуваат нешто ново.

Конти Ходропласт, производителот на градежни материјали, одноосно на цевки, останува и натаму број еден компанија по остварена добивка во Гевгелија и за 2025 година. Во Топ-10 рангирањето повеќе нема казина и коцкарници од Гевгелија.

Бурим Љатифи, директорот на МЕПСО, кој пред година и пол објави дека бил раскинат договорот за енергетското поврзување со Албанија, на денешниот брифинг со медиумите рече дека изборот бил оправдан, бидејќи Енергоинвест од Сараево завршил само 4 отсто од работата а при тоа барал уште 45 отсто повеќе пари во однос на договорот кој бил склучен, како што вели тој, како непроменлив.

Слично

Поврзани вести