Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски го информирал НАТО за објавената дипломатска нота

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски го информирал НАТО за објавената дипломатска нота

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ПРЕКУ ДИПЛОМАТСКА НОТА Е ОТКРИЕНО ДЕКА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО БИЛО ВО БУГАРИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски денес реагираше дека Бугарија преку дипломатска нота открила јавно дека неговата сопруга и едниот од двата сина три дена минале во Пампорово и дека со тоа им ја загрозиле безбедноста. За ова, рече премиерот, ќе биде информирана НАТО алијансата.

- Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе една дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово, нешто што е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена, рече тој денеска како одговор на новинарско прашање.

Мицкоски додаде дека и дипломатските ноти кои ги има Македонија за бугарските политичари може да бидат интересни за јавноста.

ПОЧИНА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БРВЕНИЦА

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски.

Илиевски е роден на 3 мај 1968 година. Веста за смртта на Илиевски на социјалните мрежи ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека неговото дело и спомен нема да бидат заборавени.

„Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница. Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше. Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати. Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа довербата и за втор мандат. Ќе го паметиме и како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце.

Во овие болни моменти, моите мисли се со неговото семејство, со неговите најблиски, со граѓаните на Брвеница и со сите што го познаваа и почитуваа. Јоцо на последните избори ја добивме најважната битка за твојата Брвеница, твоето дело и споменот за тебе нема да биде заборавен. Вечен спомен“, напиша Мицкоски.

АБОЛИЦИИТЕ НА ИВАНОВ БИЛЕ НЕЗАКОНСКИ

Судот за човекови права во Стразбур донесе одлука за помилувањата на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, кои ја втурнаа во длабока криза државава. Судот донесе одлука дека помилувањата од 12 април 2016 година со повеќе 107 решенија за 56 лица, биле незаконски. 

Заклучокот од одлуката што Европскиот суд за човекови права ја објави денеска, е дека државата имала право да ги поништи помилувањата, бидејќи тие биле донесени без законска основа во политичка криза.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Летување со 6 ноќевања со појадок и вечера за две лица со дете до 11 години во Хрватска чини над 1.800 или над 2.000 евра. Во медиумите од регионот постојано читаме дека Хрватска е скапа дестинација за одмор, а мал број Македонци летуваат токму во оваа земја.

Нафтениот сектор и годинава останува меѓу најпрофитабилните бизниси во Македонија. Според податоците за остварената добивка од продажба на горива на бензински станици, убедлив лидер е Макпетрол АД, кој во 2025 година остварил добивка од 19,36 милиони евра, што е речиси четири пати повеќе од второпласираната компанија, благодарение на широко распространетата мрежа за продажба на мало.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести