ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски ги предложи Панче Тошковски и Ѓоко Велковски за министри во техничката Влада
ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДЛОЖИ МИНИСТРИ И ЗАМЕНИЦИ МИНИСТРИ ЗА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА
Панче Тошковски, адвокат, и претседател на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде кандидат за министер за внатрешни работи во техничката Влада.
Оваа информација за Фактор ја потврдуваат извори од најголемата опозициска партија.
Претходно се шпекулираше дека ова место ќе го заземе Наќе Чулев, поранешен технички министер за внатрешни работи, па дури и самиот тој се себепромовираше на социјалните мрежи, но очигледно е дека партијата на Кристијан Мицковски донела одлука довербата за ова место да му ја даде на друг кадар.
ЈОВЕСКИ РЕАГИРА ЗА КАНДИДАТУРАТА
По повеќе од една година изложеност и без епилог во Собрание не сум изненаден што вака заврши мојата кандидатура. Изненаден сум од односот на нефер игра и мое непотребно изложување кон јавноста цели две години, рече во изјава за тв 24 поранешниот републички обвинител Љубомир Јовевски.
„Нема да ги коментирам партиските реакции. Не ме заплашуваат најавите дека ќе се бара одговорност од мене, има институции па нека постапат. Мојата кандидатура повеќе од една година е во Собрание па денеска без никакво образложение за една минута беше соопштено дека е повлечена. Треба да се каже поради кои причини“, изјави Јовески.Издавањето на личните документи, патни исправи и пасоши ќе продолжи и по 12. февруари, уверува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, нагласувајќи дека обрасци има, а нови количини ќе пристигнат и во понеделник и во наредниот период.
-Има обрасци, и тука не треба да се грижиме. Стигнува една количина во понеделник, потоа стигнува уште една, така што обрасци има. Најважно е дека на 12. февруари не престанува издавањето на документи, туку продолжува и понатаму. Нормално е да има гужви кога не се води процесот од почеток. Ако 2021 година имаме изработени само 120.000 документи, тоа говори дека сте си ги оставиле обврските за подоцна и да чекаме до последен ден. Ако погледнеме теротирајлно, внатрешноста ја има завршено работата, но ова се случува само во Скопје, но и тука имаме подобрувања“, изјави министерот Спасовски.