Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија

МИЦКОСКИ ГИ ПОВИКА ТУРСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО МАКЕДОНИЈА

Има голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по учеството на бизнис-форумот во Истанбул, каде што со владина и бизнис-делегација ги презентира можностите на македонската економија. 

Целта, посочи Мицкоски, е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овде во Истанбул. 

– Овде сум присутен заедно со владина, но и со бизнис-делегација. Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B-настани и B2B-средби, односно она што го почнавме во Унгарија и што го продолживме во Австрија, потоа со хрватската бизнис-заедница на билатералната средба во Охрид, го продолжуваме сега овде во Истанбул. Нашата цел е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овде во Истанбул, Турција. Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија, а она што ние ќе го правиме во овие два дена во Истанбул е да ги презентираме можностите на македонската економија и сите оние можности и поддршка што ние како Влада ја даваме за привлекување странски директни инвестиции – изјави Мицкоски посочувајќи дека при престојот во Турција очекува многу успешни состаноци како и дека ќе бидат испратени силни пораки.

Успешните средби на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот Фејсбук профил, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски. 

СЕ ТЕСТИРАШЕ ГРАДСКИОТ ВОЗ

За речиси пет минути со воз од Маџари до центарот на Скопје, наспроти многу подолго патување со автобус на истата релација, медиумите денеска направија практична споредбена тура низ главниот град во рамките на конференцијата Traffic for All - Skopje, организирана од „Го грин“.

Турата почна со градски автобус на релација Карпош 4 - Маџари по трасата предвидена за идниот брз автобуски превоз (БРТ) по што учесниците се префрлија на воз од Маџари до Железничката станица - Скопје. Возот ја помина делницата за речиси пет минути, а автобусот сè уште беше на пат.

„МОЈ ДДВ“ РАБОТИ ЗАБАВЕНО

по реакцијата од повеќе граѓани дека неможат да ги скенираат сметките затоа што не можат да воспостават конекција, од Управата за јавни приходи денес известува дека МојДДВ апликацијата е со повремени забавувања и дека тимовите работат на решавање на проблемот.

- Ве информираме дека апликацијата МојДДВ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање, соопштија од УЈП.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Измените на Законот за Царинската тарифа стасаа во Собранието на Република Северна Македонија и со нив се најавуваат олеснувања за домашната индустрија, со намалување на царинските стапки за суровини и репроматеријали кои се користат во преработувачката индустрија. 

Општина Охрид склучи договор вреден 60,9 милиони денари со ДДВ, односно околу 990.000 евра, за воведување СКАДА и ГИС систем во градскиот водовод.

„Фактор“ направи споредба на заработените профитни маржи од надоместоците за провизии и платен промет на најголемите деловни банки кои котираат на берзата, анализирајќи ги резултатите од билансите на успех во првиот квартал од 2026 и првото трoмесечие од 2025. Во меѓувреме во текот на 2025 година, барем на хартија, имаше значително намалување на некои трошоци за банките за плаќањата кон СЕПА и МИПС.

Нема Светско на МРТВ, но има преноси на Мундијалот на македонски јазик, за првпат во историјата на една приватна регионална спортска телевизија. Но, и тоа не е доволно за македонските гледачи, гледајќи според најагресивните коментари на социјалните мрежи.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести