ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски е задоволен од средбите со Макрон и Мерц, а Радев бара внесување на Бугарите во Уставот
МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО МЕРЦ И МАКРОН
Mакедонскиот премиер, Христијан Мицкоски, како „пријателски и срдечни“ ги оценил одделните средби што ги имал со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар, Фридрих Мерц за ЕУ интеграција, „нон-пејперот“ и иднината на Западен Балкан во Тиват во Црна Гора.
Средбите се случија по заедничкиот документ на Германија и Франција, со кој се предлага постепена интеграција и забрзано проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Во објави на социјалните мрежи, Мицкоски информираше дека биле разменети мислења за европските перспективи на регионот.
По средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, македонскиот премиер наведе дека разговарале „отворено и директно“.РАДЕВ БАРА БУГАРИ ВО УСТАВ
Северна Македонија единствено треба да ги впише Бугарите во Уставот, за да почне преговори со ЕУ, изјави денеска бугарскиот премиер Румен Радев пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува во црногорскиот град Тиват, објави „Дојче веле“.
„Подготвени сме да помогнеме на секоја земја што аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија. Чекаме тие конечно да ја исполнат преговарачката рамка. Имаме консензус од јули 2024 година и чекаме тие конечно да го изменат Уставот и да ги вклучат Бугарите во него. Многу е едноставно. Потребно е да го направат само овој чекор за да се отвори вратата за преговарачкиот процес“, рече Радев.
ЗЕЛЕНСКИ МУ ПИША НА ПУТИН, НО ТОЈ ОДБИ СРЕДБА
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во моментов не гледа смисла во одржување директна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, одговарајќи на неговото неодамнешно отворено писмо.
Говорејќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин оцени дека досегашните директни контакти меѓу двајцата лидери не донеле конкретни резултати.
„Досегашното искуство покажува дека таквите состаноци служат за купување време. Нам ни се потребни договори, а не состаноци“, изјави рускиот претседател.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
