Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски деновиве ќе разговара со Фон дер Лајен за проблемот со превозниците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски деновиве ќе разговара со Фон дер Лајен за проблемот со превозниците

МИЦКОСКИ ЌЕ ЗБОРУВА СО ФОН ДЕР ЛАЈЕН ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се надмине проблемот на македонските превозници, кои од вчера, заедно со транспортерите од Западен Балкан, ги блокираат граничните премини барајќи да се измени правилото на ЕУ за електронска евиденција за престој во шенген-зоната, во согласност со правилото 90/180 дена.

Тој денеска изјави дека ова прашање е отворено уште од септември со Европската комисија и дека задолжен да разговара  е министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, исто како што со ЕК досега се разговарало и за други проекти што се во интерес на граѓаните. 

НАЈДОЈДЕНА РЕКА ОДНЕСЕ ЈАГНИЊА И ОВЦИ ВО СТРУМИЧКО

Надојдената река Тркања за 10 минути однесе 120 јагниња и 100 овци во струмичко. 

Во селото Костурино ова се случило при поплавување на штала. Дождовите во Струмичко предизвикаа и поплавување на земјоделските површини и на дворовите во селата Муртино и Сачево. Градоначалникот Петар Јанков информираше дека ги посетил критичните точки во селото Муртино и околината, и кажа дека на терен се екипите на ЈП „Комуналец“, со механизација.

СОФИЈА РЕАГИРАШЕ ЗА ИЗЈАВАТА НА МУЦУНСКИ, МНР ОДГОВОРИ 

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вечерва излезе со реакција на соопштението на бугарското МНР,  во која изрази жалење што, како што се вели, оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог.

„Во врска со денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, изразуваме жалење што оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог. Воедно, јасно нагласуваме дека ниту имаме намера ниту потреба да бидеме дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија, ниту преку коментари, интерпретации, ниту преку вклучување во дневнополитички наративи“, се наведува во реакцијата на МНР.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Венецуелката Барбара Гуевара која живее и работи во Мексико, сака да верува дека во наредниот период ќе има економско закрепнување на Венецуела. Таа работи во ресторан како готвач и сака во иднина да отвори бизнис во Венецуела. 

Филип Митрески повеќе не е сопственик на фирмата која го поседува авто-мото испитниот центар во регионот Пелагонија. Митрески во моментот беше член на Советот на Општина Битола кога го доби овој профитабилен монополски бизнис со „Супер возач“ Битола. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести