Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски бара смена на Коцевски, но и судење за Пулс без политичко влијание

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски бара смена на Коцевски, но и судење за Пулс без политичко влијание

МИЦКОСКИ БАРА СМЕНА НА ЉУПЧО КОЦЕВСКИ

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Телма изјави дека Владата не е задоволна од работата на Судскиот совет и од актуелниот обвинител, Љупчо Коцевски.

„Ние не сме задоволни како Влада од работата на овој Судски совет и на овој обвинител и тоа е наше право да не бидеме задоволни“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека по завршувањето на целиот процес, следува смена на обвинителот.

Тој исто така додаде дека граѓаните акламативно мислат дека Коцевски не си ја врши својата работа доволно добро, а буџетот кој го добиваат е поголем од 75 отсто од земјите на ЕУ.

МУЦУНСКИ ВЕЛИ ДЕКА НИШТО НЕ Е ПУШТЕНО ВО СОФИЈА ЗА ОДОБРУВАЊЕ

Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во одговор на прашање од пратеникот Реџеп Исмаил за заклучоците од работата на Мешовитата комисија заобразовни историски прашања со Бугарија.

Муцунски во одговорот рече дека можеби е случајност „координираниот напад кон него од бугарскиот копретседавач со Комисијата Ангел Димитров и пратеникот“.

- Сосема изненадувачки за мене е што во рок од неколку дена прашањето за работата на мешовитата комисија и политички напад врз мене насочи копретседавачот од бугарска страна, Ангел Димитров, и вие. Можеби е случајност, коордиоиниран напад кон МНР од Ангел Димитров и Реџеп Исмаил. Некои велат во политиката не треба да верувате во случајност но јас ќе одберам добра верба дека ова е случајно координиран напад, рече Муцунски. 

СЕЛА ИМА ТРИ УСЛОВИ ЗА ВЛЕЗ ВО ВЛАДАТА

Лидерот на дел од Алијансата за Албанците, Зијадин Села постави три услови под кои би станал дел од владата. Тој за ТВ Шења вели дека за тој да биде дел од владата на Мицокски, треба да бидат исполнети следните услови – уставните измени и деблокада на процесот на интеграција во ЕУ, замена на формулацијата „20%“ со „албански јазик“ во Уставот и Уставниот суд да одлучува со Бадентеровиот принцип.

„Прво, уставните измени – деблокада на ЕУ, отстранување на 20% – воведување на албанскиот јазик во Уставот и одлуките што се носат со Бадентеровиот принцип да бидат вклучени и во Уставниот суд. Ова би биле три теми, доколку првично се реализираат, тогаш би можеле да се водат преговори со Алијанса за Албанците“, вели Села.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Станбено-деловните градби и градбите за колективно домување, кои ќе се изведуваат на локалитети и подрачја на кои постои техничка можност за приклучок на системот за дистрибуција на топлинска енергија, задолжително се проектираат и изведуваат со целокупната термотехничка инсталација на системот за централно греење.

Премиерот Христијан Мицкоски многу порано од своите претходници се соочува со предизвикот да направи сериозна владина реконструкција за да ја одржи кондицијата на владеење на посакуваното ниво и да покаже пред електоратот дека резултатите се возможни, само потребно е повеќе време и соодветни кадри на вистинските позиции.

Домашниот градежен гигант „Гранит“ е првата компанија која сама го објави своето име и добиената сума како апикант за финансиски средства од унгарскиот кредит.

Од агенциите за посредување при вработување, велат дека иако има различни ситуации, сепак најголем дел од апликантите, успеваат да ја исполнат својата цел и од прва заминуваат во странство. 

Трите лифтови во Вила Водно и еден од двата во Вилја Билјана во Охрид се во дефект, покажуваат информациите кои во тендерската постапка за барање на сервисери ги доставила владината Служба за општи и заеднички работи.

Слично

Поврзани вести