Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски бара правда за осудените за 27 април, Пендаровски вели судот ќе одлучи дали ќе има повторено судење

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски бара правда за осудените за 27 април, Пендаровски вели судот ќе одлучи дали ќе има повторено судење

МИЦКОСКИ И ПЕНДАРОВСКИ РАЗГОВАРАА ЗА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата кај претседателот Стево Пендаровски изјави дека не бараат амнестија, туку правда за луѓето кои се осудени за упадот во Собранието. 

Тој вели дека треба да има повторен судски процес, и нема луѓето да бидат, односно според него не постои основ овие луѓе осудени за 27 април да бидат осудени како терористи. 

„Никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда за сите граѓани. Ќе се борам до последна капка крв за секој еден граѓанин  на нашата Македонија“, рече тој. 

Мицкоски вели дека ако можело да има повторено судење за „Сопот“ и„Монструм“, треба да има и за овој случај. 

Претседателот на државата, Стево Пендаровски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека помилување за лица кои направиле кривично дело преседан во Европа, не доаѓа во предвид. 

Вели дека сторителите направија страшни кривични дела и добиле заслужени казни, и тука нема компромис. Пендаровски рече дека со ваква спротивствена реторика нема да дојде до помирување, туку ќе се создаде јаз. 

„Со оваа моја теза не правам ревизија на судскиот процес, само зборуваме за политичко толкување на пресудите што не придонесува за нормална политичка дебата. Мојот став е дека ако има нови докази, може да се отвори процесот, но тоа не значи дека јас заговарам отворање на процесот. Одлуката дали процесот ќе биде повторен сигурно нема да ја носи некој политички фактор, туку судот“, изјави Пендаровски. 

Тој вели дека за една демократија не е дозволиво претседателот и опозицијата да не комуницираат. Рече дека три месеци се изгубени. 

УШТЕ ЕДНА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА „ДВОЈНИК“

Уште еден од обвинетите во случајот „Двојник“ за изработка на пасоши со лажен идентитет во државната управа се изјасни за виновен за злоупотреба на службената положба.

По ова, на Шемседин Јашари му беше одредена затворска казна од 1 година и 7 месеци. Пред два дена уште шест лица признаа вина за оваа афера од вкупно 11 обвинети. За останатите четворица судскиот процес е во тек.

Денис Баруфи, Ален Личина, Ѓорѓе Велков, Фарук Биља и Раиф Мифтари,во средата пред судот рекоа дека се чувствуваат виновни за делото и доброволно ја признаваат вината како обвинети за изработка на пасоши со лажен идентитет за лица од регионалното подземје.

НОВИ 234 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.907 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 83, Куманово – 27, Битола – 16, Тетово – 14, Струмица – 13, Штип и Виница – по 9, Кичево – 7, Прилеп и Велес – по 6, Гостивар, Струга и Кочани – по 5, Охрид – 4, Радовиш, Крушево и Демир Хисар – по 3, Пробиштип, Богданци и Демир Капија – по 2, Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Делчево, Валандово, Кратово и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 786 оздравени пациенти од:

Скопје – 348, Куманово – 61, Тетово – 47, Прилеп – 43, Битола – 38, Кавадарци – 37, Велес – 32, Неготино – 25, Гостивар – 20, Штип – 18, Струмица и Кичево – по 17, Гевгелија – 16, Охрид – 13, Кочани и Ресен – по 9, Богданци – 5, Виница – 4, Струга, Радовиш, Крушево, Свети Николе и Делчево – по 3, Демир Хисар, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод – по 2, Демир Капија, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 25 починати лица. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од година во година има сѐ понеповолни временски услови, кои нанесуваат штети и доведуваат до помал род на раноградинарските култури.

Во услови кога продажбата паѓа за 17 отсто, концентрирана е само и исклучиво на домашниот пазар, оперативната добивка е помалку од половина во однос на истиот период лани , инвеститорите „лудеат“ по акцијата на „Гранит“. Таа достигна пазарна цена од 1.246 денари за акција!!!

Владата одлучи да ја прифати препораката и од завчера го намали полицискиот час. Дополнително се зголеми работното време на угостителските објекти на отворените тераси.

Има ли шанси, после повеќе од една година, да се дозволи организирање на свадби веќе од први јуни.

Владата ги ажурираше податоците во алатката за отчетност за службените трошоци на институциите и функционерите, при што добиена е целосната слика за овие расходи во текот на сите месеци од 2020. 

Слично

Поврзани вести