Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски ако не формира Влада, ќе бара избори, а во меѓувреме има реакции за новото мнозинство

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски ако не формира Влада, ќе бара избори, а во меѓувреме има реакции за новото мнозинство

МИЦКОСКИ КАЖА ШТО ПОНАТАМУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес - конференција изјави дека она што вчера се случи е заедничка борба за народот во Македонија и дека силата е кај народот. 

Мицкоски смета дека новото парламентарно мнозинство значи дека паѓа Владата на СДСМ и Зоран Заев. Според него, тоа ќе значи дека во наредниот период ќе се обиде да формира нова Влада.

„Тоа ќе се случи само ако сум сигурен дека ќе биде Влада на сериозен кредибилитет и силни институции кои ќе гарантираат стабилност. Доколку не се постигне оваа цел кон која се стремам и не обезбедам полна ефикасност на Владата, борба против корупцијата и криминалот, тогаш, тоа што ни преостанува како единствена опција се брзи предвремени парламентарни избори за народот да одлучи за новата иднина“, рече Мицкоски. 

РЕАКЦИИ ЗА НОВОТО МНОЗИНСТВО

Јован Митревски, координаторот на пратеничката група на СДСМ вели дека дел од вчера потпишаните пратеници се злоупотребени. 

Објаснува дека е во контакт со пратениците и дека даваат поддршка на прогресивните политики. 

Додава дека тие најостро ги демантираат конструкциите кои ВМРО-ДПМНЕ како што вели ги прави со единствена цел да изврши притисок и да создава нереална еуфорија во јавноста. 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети за утре го свика Генералниот совет на партијата на средба во ресторан во Тетово. Тема на средбата ќе бидат новите случувања во државата. 

Средбата е закажана со почеток во 13 во Тетово, со задолжително присуство во однос на мерките за заштита од ковид-19, стои во поканата. 

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев вели дека Левица во изминатите години одработи комплетно во интерес на ВМРО-ДПМНЕ, нешто коешто излезе на виделина на овие локални избори. 

Според него, како што вели проектот кој доби зародиш уште во време на режимот, овие денови целосно се саморазоткри. 

ДЕНЕС ИМА 601 ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.501 тестирање, а регистрирани се 601 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 217, Битола – 68, Велес – 34, Кавадарци и Куманово – по 31, Прилеп и Штип – по 28 , Крива Паланка – 18,  Кочани и Тетово – по 17, Гевгелија – 16, Делчево, Кичево, Охрид и Радовиш – по 10, Берово – 9, Неготино – 8, Македонска Каменица и Ресен  - по 5, Богданци, Виница и Гостивар – по 4, Кратово, Пробиштип и Струмица  - по 3, Демир Хисар, Крушево и Свети Николе  - по 2, Македонски Брод и Струга  -  по 1.

Регистрирани сe 304 оздравени пациент од: Скопје – 141, Куманово – 26, Велес – 16, Прилеп  и Кавадарци – по 15, Битола и Штип – по 14, Охрид – 10, Тетово и Кочани – по 7, Пробиштип – 6, Свети Николе – 5, Струмица, Гевгелија, Неготино и Делчево – 4, Кичево, Струга, Валандово и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Ресен, Виница и Кратово – по 1.

Слично

Поврзани вести