Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мерко се најде на црната листа на САД, злоупотребил фондови и се мешал во судски и јавни процеси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мерко се најде на црната листа на САД, злоупотребил фондови и се мешал во судски и јавни процеси
САД ГО СТАВИ МЕРКО НА ЦРНАТА ЛИСТА

САД го ставија струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко на црната листа. 

Во писмената изјава на портпаролот на Стејт депратментот, Метју Mилер се вели дека Рамиз Мерко како градоначалник злопотребил фондови и се мешал во судските и други јавни процеси. Оваа забрана се однесува и на сопругата и трите деца на Мерко.

Ваквото однесување на Мерко влијаело во намалување на довербата на населението во „демократските институции на Северна Македонија“.

„Ова е отворена порака на САД до Македонија во правец на засилување и стабилност на демократските иnституции и владењето на правото. Со ова сакаме да ги потсетиме сите институции на нивната задача во борбата против корупцијата“, се вели во изјавата.
МАЛАТА ЈАНА НЕ ПОЧИНАЛА ОД ИНФУЗИЈАТА

Дали вештаците тврдат дека малата Јана не починала од инфузијата, туку од друга причина. 

Родителите ги добиле наодите од анализите на судска медиција, и ова за нив е очекувано, па се подготвени да бараат и странска експертиза. 

Според наодите од судска медицина, воспаление на срцевиот мускул поради бронхопневмонија предизвикана од вирус била причина за смртта на малата Јана во битолската болница. Инаку, анализите на судска медицина веќе се доставени до битолското обвинителство, а ги видел правниот застапник на семејството Христовски, Јанаки Митрески.
СОБРАНИ СЕ ПАРИТЕ ЗА КИКО

„Парите за Кико се собрани!!!! 

Во овој момент семејството на Кико ме замоли да објавам дека се стопираат броевите за донации, но сите настани и тоа што се организира во наредните неколку денови продолжуваат…

Македонскиот народ се покажа уште еднаш како хуман и колку можеме да бидеме јаки кога сме сплотени. Фала ви од срце“, напиша Лазаров. 
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Фејсбук општина Струга
Слично

Поврзани вести