ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мерко е прв, но ќе има и други имиња на црната листа на САД
ЦРНАТА ЛИСТА НА САД ЌЕ БИДЕ ДОПОЛНЕТА СО НОВИ ИМИЊА
Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, вели дека покрај струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на „црната листа“ на САД ќе има и други имиња. Таа рече дека процесот на прогласување на лица за „нон грата“ се прави внимателно и се заснова на факти.
„Само ќе додадам дека за овие ознаки е потребно време, тие се внимателно проследени со процес на правен преглед, што значи дека не се лесни, не се брзи и во одреден момент се разгледуваат од голем број институции, како што е нашата правна канцеларија на САД“, изјави Агелер.РЕВИЗОРИТЕ ИМААТ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ПОПИСОТ
Државниот завод за ревизија по извршениот ревизорски извештај за Пописот спроведен во 2021 од страна на Државниот завод за статистика, ја оспори софтверската апликација за самопопишување на македонските државјани во странство.
За државниот ревизор спорно е тоа што уште во 2019 година извршена е набавка на софтверска апликација за пописот, но не е набавена софтверска апликација за самопопишувањето; Набавката на апликацијата за самопопишување во странство започнала само неколку дена пред да започне пописот на 1 март 2021 за македонските државјани кои биле привремено во странство.ИМА РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА ГАРАФАТА ЗА НАЦИОНАЛНОСТ ВО ИЗВОДИТЕ
Партијата Демократски сојуз го обвини министерот за правда, Кренар Лога за злоупотреба на службената положба и бара негово разрешување.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
