ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен
РАЗРЕШУВАЊЕ НА ТОКСИКОЛОГИЈА
Разрешен е директорот на Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје, Данил Петровски. Информацијата за меидумите ја потврди самиот Петровски.
Тој рече дека не е изненаден, бидејќи министерот за здравство Илир Демири веќе го најави неговото разрешување. За разрешувањето од функцијата, Петровски дознал од вработени на Клиниката за токсикологија.
Петровски беше директор на Клиниката за токсикологија од 15 декември до денеска.
Од министерството за здравство кусо соопштуваат дека тој е разрешен поради „неправилности во работата“ без да се прецизираат за што точно станува збор, и кои членови од Законот тој ги прекршил.ДВОЈНО УБИСТВО ВО СТАЈКОВЦИ
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат.
Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден.
ПЕНДАРОВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА
Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од правото на користење државна пензија, и одлучил да и се врати на академската кариера.
- Кaко поранешен претседател, Пендаровски нема да ја користи државната пензија која му следува по закон, затоа што веќе се врати на својата академска кариера како професор на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје, потврдија за МИА од неговиот тим.
Претставници на Министерството за внатрешни работи ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател во согласност со безбедносните проценки што ги прават.
Пендаровски ќе користи и канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен кабинет.ПОЧИНА БЕБЕ ОД ВЕВЧАНИ
Денеска во раните утрински часови во СВР Охрид било пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
