Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мажот е во стабилна состојба, бабата е во кома по труењето со пита во која имало пестицид

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мажот е во стабилна состојба, бабата е во кома по труењето со пита во која имало пестицид

ПО ТРУЕЊЕТО СО ПИТА ВО КОЈА ИМАЛО ПЕСТИЦИД. МАЖОТ Е СТАБИЛЕН, А БАБАТА ВО КОМА

„Фокус“ открива нови детали од близок член на семејството во врска со инцидентот во кој сега веќе едно лице почина, а две се борат за живот, откако изедоа домашна пита со праз.

Причина за труењето е силен отров, метомил, познат помеѓу народот како ланате или ланата.

Истиот веќе подолг период е забранет во земјава, но сепак, широко е распространет и е најчеста причина за труење на кучиња, кои умираат во тешка агонија.

Истрагата ќе покаже како завршил отворот во домашната пита со праз, што ја месела старата жена.

Фокус откри дека блиско лице на семејството станува збор за грешка со кобен исход.

ВО СКОПЈЕ ПРОТЕСТ ЗА ПОДДРШКА НА ПАЛЕСТИНА

Во Скопје пред Мурат Пашината Џамија во Старата скопска чаршија денеска се одржа протест за поддршка на палестинскиот народ.

Група граѓани со транспаренти „Слобода за Палестина“ побараа да запрат нападите во Појасот Газа. Емин Хусрев, претседател на здружението „Копру“ изјави дека нападите во последните дванаесет дена во кои се таргетираат цивили, меѓу кои значаен дел жени и деца, „кулминираа со бомбардирањето на баптистичната болница Ал Ахли, акт кој е неприфатлив за човештвото“. 

ПОСЛЕ ВОЈНАТА, ИЗРАЕЛ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕПУШТИ ГАЗА САМА НА СЕБЕ

По војната, Израел ја остава Газа сама на себе.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека војната во Газа ќе се состои од три фази, што на крајот ќе резултира со нов безбедносен режим за Газа.

Првата фаза, беше „воена кампања со оган и проектили, а потоа и тактички маневри, чија цел ќе биде да се убијат оперативците и да се оштети инфраструктурата“ за да се уништи Хамас.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Актуелниот директор на Здравствен дом-Скопје, д-р Виктор Исјановски и во наредните четири години ќе раководи со оваа институција, дознава Фактор од проверени извори. Како што нè брифираат, д-р Исјановски, решението со кое се назначува неговата позиција, медицински директор на Здравствен дом-Скопје, го добил вчера.

Тетовската фирма ЛГРОУП, регистрирана за производство на филмови,видеофилмови и телевизиска програма искешира 1,6 милиони евра плус ДДВ за да ја купи тетовската стоковна куќа „Центар“ од тетовски Интерпромет. 

Иако грејната сезона почна до нашата редакција пристигнаа повеќе поплаки дека радијаторите на дел од корисниците и понатаму се ладни. Граѓаните се жалат на неажурност и потенцираат дека за реакција од надлежните биле приморни да пријавуваат неколку пати, и тоа повеќе жители од една зграда.

Македонците дефинитивно сакаат да штедат во банка. Во услови и на кризи и на инфлации, банкарските депозити не престануваат да растат.

Ако се одлучите да произведувате цвеќе, за почеток ќе ви треба инвестиција од неколку илјади евра за пластеници, семенски материјал, ѓубрива, но за две години ако добро ви тргне работата, ќе можете да ја повратите инвестицијата и да заработувате.

Слично

Поврзани вести