Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Матичарите продолжуваат со штрајкот, нема договор за повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Матичарите продолжуваат со штрајкот, нема договор за повисоки плати

ШТРАЈКОТ НА МАТИЧАРИТЕ ПРОДОЛЖУВА

Матичарите ќе продолжат со штрајкот и во наредните денови. Засега нема договор за зголемување на платите. 

Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) денеска се сретнаа со министерот за правда, Никола Тупанчевски околу покачувањето на платите. Рекоа дека за некои од барањата нашле заеднички јазик, но не можеле да се усогласат околу покачувањето на минималната плата. Велат дека овие луѓе надлежните ги ставаат со цела администрација, со уште 10.000 вработени. 

„Им предложивме да се издвои категорија и да си биде како посебна. Нивно е како ќе го направат, за да се задоволи барањето – да се усогласи платата. Не можеме сите работници да бидеме во ист кош“, велат од КСОМ.

ПЕНДАРОВСКИ ГО КАЖА СТАВОТ ЗА СПОМЕНИКОТ ВО СЛУПЧАНЕ

Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека споменикот на УЧК во липковското село Слупчане е дивоградба.

Вели дека комисија на претходната влада на екс премиерот Зоран Заев, составена од експерти и урбанисти, утврдила дека повеќе од 90 отсто од спомениците и сето она што е изградено во Скопје како дел од проектот „Скопје 2014“, исто така се дивоградби.

МУХАМЕД ЗЕЌИРИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР

Нови 30 денови притвор доби екс генералниот секретар на Владата,  Мухамед Зеќири. 

Информацијата ја потврдија од Основниот кривичен суд Скопје. Зеќири заврши во притвор на 9 минатиот месец како осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања. Заедно со него, осомничени се и двајца хрватски државјани. Случајот се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги односно за изработка на физибилити студија за „Пошта на Северна Македонија“.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТЕУТА АРИФИ

Поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи „заработи“ кривична пријава. 

Општина Тетово на чело со градоначалникот Биљал Касами поднесе кривична пријава против екс градоначалничката Арифи, како и еден функционер, судија и адвокат, поради сомнение дека ги злоупотребиле службените овластувања, со што е оштетен општинскиот буџет во износ од 68 милиони денари. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Увозната зависност на Македонија од електрична енергија континуирано расне. Наместо зголемено домашно производство, ние имаме зголемен раст на увозот. Дека енергетската зависност може да стане сериозен проблем укажуваат и од Светска банка во својот последен полугодишен извештај за економиите од Западен Балкан.

Соработници, советници, за односи со јавноста, за меѓуопштинска и меѓународна соработка... Општина Гостивар наеднаш ќе им даде решение за работа на 22 лица.

Кромберг и Шуберт, еден од најголемите работодавачи во Македонија, отвора уште една фабрика, овој пат крај Скопје, превземајќи дел од производството што беше стопирано со војната во Украина поради што беше нарушен ланецот на набавки, посебно на снопови електрични кабли, за големите германски автопроизводители.

Во помалите градови во внатрешноста на Македонија, купувањето облека на вересија е намалено во однос на минатото, но не е искоренето.

Иако за Независниот Синдикат на управата за водење на матични книги, излегувањето на улица, не беше опција, по една недела откако почнаа со генерален штрајк, денеска во периодот од 15 до 17 часот организира протестен марш во центарот на Скопје.

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести