Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос порача дека уставните измени и Изборниот законик се клучни на европскиот пат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос порача дека уставните измени и Изборниот законик се клучни на европскиот пат

МАРТА КОС ПОВИКА ДА СЕ ИЗГЛАСА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК

Потребен е политички консензус за Изборниот законик за Македонија да добие 4 милиони евра, порача денеска од Скопје, еврокомесарката за проширување, Марта Кос. 

„Спроведовте 90 отсто од 10 реформи кои требаше да се исполнат до 15 јули, а тие 10 отсто се всушност Изборниот законик кој треба да биде усвоен. Затоа ги повикувам на консензус сите политички партии бидејќи тоа ќе биде од корист на државата, така пристапните преговори ќе се придвижат напред“, изјави Кос. 

Во суштина, носењето на Изборниот законик е само дел од Планот за раст на ЕУ кои важи за сите земји кандидатки, додека за Македонија формално да ги почне пристапните преговори, односно да ги отвори кластерите со преговарачките поглавја треба да се испочитува предусловот во преговарачката рамка со ЕУ според кој Бугарите треба да се вметнат во преамбулата на македонскиот Устав.

ТРИФУН КОСТОВСКИ, СИН МУ И ДВАЈЦА МЕНАЏЕРИ СЕ ОБВИНЕТИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик.

- Според обвинителниот акт, првообвинетиот како претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор, второобвинетиот како претседател на Кредитниот одбор и третообвинетиот како претседател на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година, постапувале спротивно на одредбите од Законот за банките и интерните акти на банката. 

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ЗА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО ВО АЕРОДРОМ

Поднесена е кривична пријава против четири деца и пет родители за случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

- СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони. 

Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик. 

НА ИНФЕКТИВНА Е ПРИМЕН ПАЦИЕНТ СО МАЛАРИЈА

На Инфективната клиника во Скопје е потврден случај на маларија. Станува збор за пациент кој патувал во Занзибар.

Тој пројавил симптоми на висока температура и имал треска, по што веднаш се јавил на клиниката каде е задржан на болничко лекување.

Директор на Клиниката за инфективни болести,  Фадил Цана вели дека кај пациентот потврдена е маларија. Додава дека тој моментално е стабилен, но добро е што навреме се јавил.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонија е згрозена од случаите на врсничко насилство кои се случија во Ѓорче Петров, во Аеродром и на други места, но и во светот статистиките укажуваат дека ваквото насилство е честа појава.

Он лајн трговијата доживеа бум изминативе години, не само што се зголемува купувањето преку интернет платформите, истовремено расте и бројот на платформи преку кои граѓаните може да купуваат.

Орка Холдинг во својот извештај за работењето во 2025 доставен до Македонска берза објави дека во текот на минатата година ја купил продавницата на „Евро - Азија Доо“ во Гратскиот трговски центар - Скопје.

Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила договор вреден околу 157.000 евра за набавка на интегриран систем за сајбер безбедност и заштита на податоци.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести