ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос ги повика Бугарија и Македонија да разговараат интензивно и да најдат решение
МАРТА КОС ГИ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ИНТЕНЗИВНО ДА РАЗГОВАРААТ
Скопје и Софија да разговараат и да најдат решение за проблемот. Еврокоооесарката за проширување, Марта Кос им порача на Македонија и Бугарија да го надминат билатералниот спор кој се испречи пред земјава на патот кон ЕУ.
Пред со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката се понуди да посредува меѓу двете страни со цел побрзо решавање на билатералното прашање.
МИЦКОСКИ СЕ ПОФАЛИ СО РАСТОТ НА БДППремиерот Христијан Мицкоски се пофали со растот на БДП.
„Во првиот квартал на 2025 година реалниот раст на БДП, откако е избрана оваа Влада, трет квартал е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2 отсто, тоа е бројката што ја објавува Еуростат“, изјави Мицкоски.
Вели дека според Евростат, Македонија се најде на високото четврто место и тоа зад Ирска, Данска и Полска.УАПСЕН Е КОМАНДАНТ „БРЕЗА“ ПО ДОЛГИ ГОДИНИ БЕГСТВО
Хамди Бајрамовски, познат како командант Бреза од скопското село Брест, по 22 години бегство, синоќа е уапсен, и спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка.
Тој беше осуден за разбојништво и други кривични дела, по што, избега од Македонија и се бараше со меѓународна потерница. Уапсен е во скопско Ченто односно местото викано Камник, а за доизлежување има уште пет години затвор.ПОЛИЦИЈАТА ГИ РАСЧИСТУВА ЗАКАНИТЕ КОН ДАНЕЛА АРСОВСКА
СВР Скопје го расчистува случајот со заканите кон градоначалничката на Скопје, информираа од МВР.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
