ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марфи порача дека ако нема уставни измени, тоа ќе влијае на односите со САД и ќе ги загрижи земјите на НАТО
МАРФИ ВЕЛИ ДЕКА АКО НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ТОА ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ОДНОСИТЕ СО САД
Вашингтон предупреди дека ако не го смениме Уставот, тоа ќе влијае на односите со САД.
Насоки за промена на Уставот даде американскиот сенатор Крис Марфи, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата. Сенаторот Марфи, кој е член на Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, ги нарече уставните измени технички и предупреди дека ако земјава не ги направи измените, тоа ќе има влијание и врз односите со САД, а таквата одлука ќе ги загрижи и членките на НАТО. Вели дека Македонија не треба да ја пропушти оваа можност.
ПОМИНАА ВО СОБРАНИЕ ЗАКОНИТЕ ЗА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“
Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д.
Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со 62 гласа „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, со 63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, со 62 „за“ и 44 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, а со 63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, сите по скратена постапка.НЕМИРИ ВО СЕВЕРНО КОСОВО
Ќе има 12-часовна смена за сите полицајци во Косово поради можна ескалација на северот од земјата.
Припадниците на косовската полиција воведоа 12-часовни работни смени за да бидат во состојба на готовност, пренесува „Репортер“. Косовската полиција упадна во зградата на општина Зубин Поток, каде се собраа граѓани во обид да го спречат нејзиниот влез, јави репортер на Танјуг.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Скопје е град со модерни трговски центри во кои секој може да ја почувствува магијата на купувањето.
Мал е бројот на луѓето кои подигаат садници со дренки во Македонија.
