Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонско - бугарските односи остануваат во фокусот, се формираат работни групи за продлабочување на соработката

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонско - бугарските односи остануваат во фокусот, се формираат работни групи за продлабочување на соработката

МАКЕДОНСКО - БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ ОСТАНУВААТ ВО ФОКУСОТ

Доминантно разговаравме на кој начин да ја вратиме довербата, изјави премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 за средбата со бугарскиот колега Кирил Петков.  Вели дека ништо не се прави поразди грб и затоа има разговори.

Секој чекор што ја продлабочува нашата соработка мора да биде поддржан. Има многу позитивни сигнали од оваа посета, изјави претседателот Румен Радев запрашан како ја коментира посетата на премиерот Кирил Петков на Северна Македонија, пренесува БТА.

Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска објави статус на Фејсбук со кој ја искритикува Владата по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во Скопје дека го спинува решавањето на спорот со „добрата волја Бугарија да го прифати краткото име“. Ова поранешниот министер за надворешни работи го нарекува „салама“ тактика.

Владата на четвртата седница го донесе Решението за назначување на ко-претседавачи и членови во Заедничките меѓувладини работни групи за продлабочување на билатералната соработка меѓу Македонија и Бугарија. 

НАД 1.100 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ПОЧИНАА И МЛАДИ ЛУЃЕ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.021 тестови, а регистрирани се 1.172 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 629, Битола – 109, Куманово – 64, Охрид – 53, Штип – 36, Тетово – 35, Кавадарци – 30, Велес и Кичево – по 27, Прилеп – 25, Струмица – 24, Гостивар – 23, Ресен – 20, Гевгелија – 19, Струга – 11, Неготино – 9, Свети Николе – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Кочани – 3, Радовиш и Виница – по 2, Берово, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.172), регистрирани се 145 реинфекции.

Почина 32-годишен битолчанец позитивен на коронавирусот, кој одбивал хоспитализација. 

Министерството за здравство објави дека тој и покрај тоа што бил во тешка состојба, одбил да биде хоспитализиран, а имал хронично заболување и не бил вакциниран. Битолчанецот имал заболување на црниот дроб и прекумерна тежина.

KOМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ СЕ ЗАСИЛИ СО НОВИ КАДРИ

Новиот министер за здравство, Беким Сали денеска имал состанок со претседателот на Комисијата за заразни болести, епидемиологот Жарко Караџовски, како и со секретарот на Комисијата, по што во изјава за МИА вели дека промените во Комисијата за заразни болести ќе бидат во насока на проширување и дополнување на нејзиниот состав, со нови, професионални кадри од повеќе области.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Бугарскиот политиколог Марија Пиргова вели дека дали односите меѓу Македонија и Бугарија ќе се променат на подобро, по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на земјава, е прашање кое си го поставуваат новинарите, аналитичарите и политичарите.

Фирмата „Кратер“ на бизнисменот Миле Младеновски успеала незаконски да стане сопственик на удел во компанијата СИС ИНВЕСТ ГРУП ДОО на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко вреден 9,5 миилиони евра во ноември годинава преку Налог за извршување, обвинуваат од СИС ИНВЕСТ ГРУП. 

Деловните банки во текот на 2021 не упатиле барање до Развојната банка за активирање на гарантната шема, односно не пријавиле проблем со невраќање на кредити од страна на деловниот сектор, а чие задолжување го гарантира државата како една од мерките за справување со економските последици од ковид-кризата. 

Редукција на снабдувањето со парно, и во часовите, и во обемот. Ова е одредено со Уредбата за кризна состојба во врска со парното, или, како што се нарекува со целосното име Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот на топлинска енергија во кризна состојба, начинот на снабдување со топлинска енергија во кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на дејности на пазарот на топлинска енергија.

Ограничената понуда на премиум акции на нашиот пазар и големата и интензивна (но не и агресивна) побарувачка ја наметна акцијата на „Комерцијална банка“ во лидер на пазарот од почетокот на годинава досега. Дополнително катализатор за раст на нејзината пазарна цена е очекуваната дивиденда која е најконкурентна во споредба со другите премиум акции, а неспоредливо подобра во однос на приносите од чување пари во банка

Првиот човек на винаријата „Тиквеш“, Светозар Јаневски, наречен крал на пијалоците во РС Македонија, најверојатно ќе биде амбасадор на Скопје во Софија, велат дипломатски извори за бугарскиот медиум „Епицентар.БГ“.

Слично

Поврзани вести