ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонските камионџии ги блокираа граничните премини
КАМИОНЏИИТЕ ГИ БЛОКИРАА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ
Започнаа блокадите на граничните премини од страна на транспортерите од Македонија поради проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез на граничните премини согласно EES системот)
Локалниот 24Delcevo објави видео од моменталната состојба на патот Граничен премин Делчево - с.Ѕвегор.
Камионџиите ја остварија најавата за блокада на дел од патот со цел реакција на новите ЕУ Шенген правила.
Ова предупредување доаѓа навреме и сметам дека февруари и март треба максимално да се искористат и земјите членки на шенген зоната да изнајдат решение, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој на граничниот премин Блаце им даде целосна поддршка на транспортерите кои заедно со нивните колеги од Западен Балкан почнаа седумдневни блокади барајќи решавање на електронската евиденција за престој во шенген зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава.СЕЛА ГО ОСПОРИ ЗАКОНОТ ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“
Зијадин Села од Алијанса за Албанците го оспори „Безбеден град“ на Уставен суд.
Тој укажа дека Законот за прекршоци не предвидува пораките кои „Безбеден град“ ги испраќа до граѓаните за сторен прекршок да се двојазични, со што, како што вели, се прекршува Законот за употреба на јазиците. Забележа дека е несериозно казните да пристигнуваат преку порака, бидејќи не постои законска обврска граѓаните да има мобилен телефон или електронска пошта.ПОТРЕСНО СВЕДОЧЕЊЕ ЗА „ПУЛС“
Кристијан Панов, невработен млад човек кој повремено работел како келнер во дискотеката „Пулс“, денеска сведочеше за функционирањето на дискотеката и за вечерта на несреќата кога во пожарот загинал и брат му, Андреј Панов. Тој појасни дека не бил формално вработен, туку бил ангажиран директно од сопственикот Дејан Јованов-Деко, а парите секогаш ги добивал во кеш.
- Бев плаќан во износ од 1.500 денари, ги добивавме на самиот почеток кога почнувавме со работа и на крајот од смената остануваа кај нас - рече Панов на почетокот од сведочењето.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
