ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонски државјанин е убиен во Приштина, а Кадриески заминува во Бугарија
МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН Е УБИЕН НА КОСОВО
Блерим Даци од Скопје, кој беше застрелан со канонада од куршуми синоќа во Приштина и се верува дека е вовлечен во фамозното двојно убиство во „Шиша бар“ во скопската чаршија, бил баран по меѓународна потерница од македонската полиција и во меѓувреме го променил презимето во Шабани.
Разузнавачки извори за Телма велат дека претходно тој издржувал затворска казна во Пакистан како член на Ал Каеда, во Македонија се вратил во 2014 и го сменил презимето во Шабани.КАДРИЕСКИ ЗАМИНУВА ВО БУГАРИЈА
Копретседателот на бугарското здружение „Шемето“ од Струга, Бекир Кадриески, заминува за Бугарија, откако деновиве во градот го нападна жител на селото Велешта.
Тој се пожали дека не е задоволен од третманот во струшката болница. Кадриески ќе биде пренесен на Воено-медицинската академија (ВМА) во Бугарија. Тој, како што пренесе БНТ, тврдел дека се плаши за својот живот.
Кадриески е државјанин на Македонија. Тој нема бугарски пасош, но тврди дека има бугарски идентитет.УАПСЕНИТЕ КОСОВСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ ТВРДЕЛЕ ДЕКА БЕРЕЛЕ ПЕЧУРКИ
Тројцата косовски специјалци кои вчера српските власти ги уапсија во централна Србија велат дека береле печурки.
„Не ни работи ГПС, беревме печурки…А на дурбин и двоглед не умееме да гледаме“, ваквото оправдување на специјалците денеска го објасни српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вели дека Белград е подготвен да ги понуди сите снимки и докази од кои би било јасно дека тројцата косовски полицајци се уапсени длабоко на територијата на централна Србија, а не на територијата на Косово. Aлбанскиот премиер Еди Рама вели дека е целосно фокусиран на ослободувањето на косовските специјалци.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
