Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонски државјани се евакуирани од Израел

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонски државјани се евакуирани од Израел

МАКЕДОНЦИ СЕ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија целосно го координираше процесот на евакуација на македонските државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје.

„Станува збор за процес што бараше сериозен ангажман на нашите дипломатско-конзуларни претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните институции. Воедно, финализирана е постапката за склучување договор со компанија која во следните денови се очекува да започне да ги реализира летовите за евакуација на македонските државјани од останатите погодени подрачја, во координација со нашите ДКП-а“, вели министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. 

СВЕДОК КАЖА КОЈ ГИ ДОНЕЛ ПРСКАЛКИТЕ ВО „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ

Групата ДНК ги набавувала прскалките од продавница во Кисела Вода. 

Естрадниот новинар Васко Спасовски во последните неколку години работел како пи-ар на групата ДНК. Тој комуницирал со медиумите во име на ДНК, договарал интервјуа и слично. Имале идеја со Панчо да отворат заедничка продукција и да соработуваат и со други уметници. Во денешното сведочење во рамки на судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ тој тврдеше дека немал врска со организацијата на настапот на ДНК во Кочани.

Поради други обврски, Спасовски не бил кобната вечер на настапот на ДНК во Кочани. За пожарот дознал од другар, кој му испратил скриншот од кочански портал наутро во 4 часот.

ПРОДОЛЖЕН Е ПРИТВОРОТ НА СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која заедно со нивната ќерка падна од шест кат во скопски Карпош.

Обвинителстото соопшти дека притворот се продолжува бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео записи од повеќе критични локации, а се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена.

Дополнително се преземаат и други дејствија од значење за докажување на кривичните дела чии елементи се испитуваат во моментов.

ИРАНСКИ ДРОН ПОГОДИ ЦЕЛ ВО АЗЕРБЕЈЏАН

Азербејџан вети жесток одговор по нападот на аеродромот.

Земјата денеска предупреди дека подготвува неодредени мерки за одговор откако два ирански дронови ја преминаа границата и повредија четири лица во енклавата Нахчиван, што предизвика загриженост за потенцијалното ширење на конфликтот од Блискиот Исток.

„Овие напади нема да останат без одговор“, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан.

Министерството додаде дека ги истражува видовите беспилотни летала што се користат во нападот и дека „ги подготвува потребните мерки за одговор за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, како и безбедноста на цивилите и цивилната инфраструктура“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се предлагаат измени и дополнувања на Законот за возила со кои, меѓу другото, ќе се овозможи нов законски рок за легализација на одредени категории возила, како и зајакнување на механизмите за техничко одобрување и контрола на нивната исправност.

Откако во саботата Израел и САД го нападнаа Иран, а потоа Иран одговори со напади на цели во Израел и ги гаѓаше американските бази во околните држави, над 600 македонски државјани се јавиле во амбасадите и бараат евакуација. 

Македонските граѓани кои се наоѓаат во земјите од Блискиот Исток се соочуваат со сериозни проблеми при обидот да се вратат во државата, откако новата ескалација на конфликтот во регионот го наруши авиосообраќајот и ги зголеми цените на авионските билети до рекордни нивоа.

Геополитичките тензии на Блискиот Исток почнуваат да се одразуваат и врз туристичкиот пазар. По нападите на САД и Израел врз Иран, туристичките агенции во Европа забележуваат брза промена во преференциите на патниците, иако вкупната побарувачка за летната сезона 2026 засега не бележи значителен пад.

Слично

Поврзани вести