Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија трет ден по ред се соочува со лажни дојави за бомби

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија трет ден по ред се соочува со лажни дојави за бомби

ПОВТОРНО ИМАШЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдуваат за „Фактор“ дека денеска е пристигната закана за бомба, само за едно средно училиште. 

- Денеска (28.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштeто и антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот - соопштуваат од МВР.

Подоцна пристигнаа и нови закани за поставени бомби и во други училишта. 

И учениците од средното училиште Раде Јовчевски- Корчагин веќе се евакуирани.

За потсетување, ова е трет ден како пристигнуваат заканувачки мејлови до средните училишта. 

РИСТО ПЕНОВ Е НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, е изгласан за нов министер за локална самоуправа во Собранието и ја потпиша свечената изјава со присуство на денешната седница.

Предлог Ристо Пенов да биде нов министер на местото на Горан Милевски е поддржан со 63 гласа, додека од 93 присутни пратеници, 30 беа против.

БУГАРСКОТО МНР ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ ПО ПОВОД ОТВОРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ КУЛТУРЕН КЛУБ

Од Министерството за надворешни работи(МНР) на Бугарија по повод отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ кое ќе се случи во недела во Благоевград, повикуваат на смиреност. 

Бугарскиот заменик министер за надворешни работи, Костадин Коџабашев вели дека јавноста треба да остане потполно смирена на ваквите ситуации.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Топланата Скопје Север оди на барабан. Нејзините акции ќе бидат понудени на Берзата во среда следната недела, а понудувач ќе биде газдата на оваа топлана, односно Топлификација во стечај.

Поддршка за Украина, но и за Русија. Вакви коментари има на социјалните мрежи откако почна руската инвазија на Украина при крајот на февруари годинава.

Бујар Дардишта, доскорешниот директор на Управата за водење на матични книги, е именуван за нов управител на едно од новоформираните три претпријатија на ЕСМ за топлинска енергија за затоплување на скопјани на местото на БЕГ. Тој е назначен за директор на ЕСМ Дистрибуција на местото на Менка Јовановска, која беше на чело само три месеци, додека првично нејзиниот мандат требаше да трае до почетокот на 2023 година.

За некои мотивациска, за други смирувачка, а за сите инвеститори позитивна вест од најголемата домашна банка. Во овие стресни услови на работа Хари Костов цврсто го држи курсот на најголемата домашна банка која ја зголеми својата добивка за 30 отсто во споредба со лани. 

Инвеститорската јавност во земјава има сериозни причини за зголемена доверба по најновиот Биланс на успех на домашната нафтена компанија „Макпетрол“, откако тој покажа нето добивка од над 15 милиони евра за првите девет месеци од годинава.

НЛБ Банка во првите девет месеци од годинава оствари нето добивка од 33,2 милиони евра, остварувајќи раст на профитот од 21 отсто во однос на истиот период лани.

Два дена по ред, во некои од средните училишта во Скопје, пристигнаа дојави за бомби, заради што скопските гимназии беа целосно евакуирани. Министерството за внатрешни работи информираше дека станува збор за лажни пријави откако од нивна страна се преземени сите мерки за детална проверка. Сепак, некои родители со кои разговараше Фактор, одлучија денеска да не им дозволат на нивните деца да одат во училиште.

Слично

Поврзани вести