ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија стана дел од СЕПА, трансферот на дотациите од нашинците ќе биде олеснет
МАКЕДОНИЈА ВЛЕЗЕ ВО СЕПА
Македонија стана дел од Единствената европска платежна област (SEPA – Single Euro Payments Area). Oваа информација ја соопштија од Народната банка, а премиерот Христијан Мицкоски објасни какви бенефити ќе имаме од оваа одлука.
„Тоа подразбира дека трансферот на дотациите на нашинците од дијаспората ќе биде веднаш, без застој и без дополнителни трошоци и провизии. Истото важи и за компаниите. Имплементацијата ќе започне од октомври месец оваа година. Нека е со среќа! Македонија е повторно ваша на граѓаните“, пишува тој.ЈАНДРОКОВИЌ ЖАЛИ ШТО МАКЕДОНИЈА НЕ ПОЧНА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ
Не е коректно што не ги отворивте преговарачките поглавја, изјави денеска во Скопје, Гордан Јандроковиќ, претседател на хрватскиот Сабор.
КОЧОСКА ВЕЛИ ДЕКА ДОПРВА ЌЕ СЕ ВИДИ ЗА ШТО СЕ РАБОТЕЛО ЗА КАВГАТА СО СЛАВЈАНКА
Наскоро ќе ви биде јасно зошто се случуваа овие работи, вели министерката за економија, Гордана Димитриеска-Кочоска за вербалниот судир со пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во Собранието.
Таа денеска уште еднаш повтори дека за неа веќе е затворено прашањето поврзано со Петровска во Собранието минатиот четврток, но и дека наскоро на сите ќе им биде јасно зошто се случувало тоа.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto freepik.com
