Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЕУ ДОНИРАШЕ ЕКО-АВТОБУСИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Во време кога Скопје мака мачи со загаден воздух, недостиг од автобуси, но и гориво за овие превозни средства, стигнаа европските автобуси, шест на број. На свеченоста, покрај евроамбасадорот Михаел Рокас, присуствуваа и министерот за животна средина, Изет Меџити, како и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. 

Од Град Скопје информираа дека преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес е обезбедена донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси, како што велат од Градот, се значајна инвестиција во почист, одржлив урбан транспорт, со цел намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот низ градот.

СКОПЈЕ И САРАЕВО МЕЃУ НАЈЗАГАДЕНИТЕ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ

Скопје попладнево е 8-от најзагаден град во светот, на листата на air visual, а босанскиот главен град Сараево е прв. 

Лахоре во Пакистан и Њу Делхи во Индија е втор, односно трет најзагаден град во светот. 

СКОПЈАНКА НА 61 ГОДИНА СТАНА МАЈКА

Медицината повторно ги помести границите, новороденчето Петар, тешко 2,350 грама, го донесе на свет мајка од Скопје на 61 година, што ја прави највозрасната прворотка во нашата земја. Од ГАК велат дека неговото зачнување и раѓање се доказ за неверојатните можности на современите медицински методи.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Ирена Алексиоска Папестиев, го потврди ова како значаен успех за македонската медицина, нагласувајќи:

„Бебето Петар на свет го донесе највозрасната пациентка во нашата држава. Оваа пациентка е првата што останала бремена со сопствена јајце-клетка, која што била криопрезервирана (замрзната), која што добила ин-витро третман во нашата држава, целата бременост ѝ била следена во нашата држава и раѓањето е завршено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство."

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

И доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, го следи примерот на некои свои поранешни колеги и ќе се обиде како претприемач во бизнис водите.

Кај нашиот народ сè уште постои стереотипот на „сигурни“ и „ризични“ инвестиции, кои ги диктираат инвестициските одлуки на луѓето. Се чини дека вложувањата во недвижности или банкарски депозит се на врвот на листата на сигурни инвестиции, наспроти инвестициските фондови кои се перцепирани како непредвидливи и не за секого. Но, ниту една инвестиција не е целосно без ризик.

Откако премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со банките е постигнат договор околу висината на каматната стапка по која ќе се пласираат средствата од унгарскиот кредит, во кој, како што нагласи, се вкучиле неколку банки, на таа тема почнаа да се огласуваат и домашните банки.

Слично

Поврзани вести