Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија протера уште една група руски дипломати, Русија најави дека ќе има одговор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија протера уште една група руски дипломати, Русија најави дека ќе има одговор

МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ПРОТЕРА РУСКИ ДИПЛОМАТИ

Министерството за надворешни работи прогласи за персона нон грата уште шест руски дипломати 

„Денеска во просториите на Министерството за надворешни работи во земјава е повикан амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин, кому му се доставени дипломатски оценки, со кои шест дипломати и вработени во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се прогласени за непожелни локално или персона нон грата“, објави МНР.

Од таму додаваат дека руските дипломати имаат рок од пет дена да ја напуштат земјата.

РУСИЈА ЌЕ ПРЕЗЕМЕ МЕРКИ

Руската амбасада во Скопје излезе со коментар во врска со прогласување на шестмина дипломати за непожелни од страна на Министерството за надворешни работи, кое им даде рок од пет дена да си заминат од земјата.

Од таму велат дека се уште не е превземен контра одговор за првото протерување на петтемина руски дипломати од 28 март, но дека ќе бидат, како што велат, превземени „чувствителни мерки“.

„Без да се најави реакцијата на руската страна на овој непријателски чекор, истакнуваме дека неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Северна Македонија.

БУГАРИЈА НЕМА ДА ГО ТРГНЕ ВЕТОТО ДО ЈУНИ

Бугарија нема да го тргне ветото за Македонија во јуни. 

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, како што пренесува БНТ вели дека нема време до крајот на француското претседателство да се отвори Уставот на Македонија за во него да се впишат Бугарите како државотворен народ, а тоа е едно од клучните барања на Софија. 

„Реално, до крајот на француското претседателство со Советот на Европа, се сомневам дека моите колеги од Северна Македонија ќе можат да го отворат Уставот и да го завршат овој процес“, рече таа. 

НОВИ ЦИВИЛНИ ЖРТВИ ВО УКРАИНА

Тела на убиени цивили се најдени близу главниот град на Украина, Киев. 

Властите велат  дека убиените се цивили и дека немаат никаква врска со воени формации.

„Пронајдовме тела на 900 мртви цивили и им ги предадовме на форензичарите“, изјави на брифингот началникот на полицијата на Киевската област, Андриј Небитов.

Небитов рече дека повеќе од 350 тела биле извлечени од Буча. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Нафтената дистрибутивна компанија „Пуцко петрол“, во март избила на трето место според добиените наплати од државните органи и институции, како и воопшто од јавниот сектор.

По детални проценки на епидемиолошката состојба со корона вирусот во Македонија, здравствените власти секоја недела препорачуваат олабавување на некои од антиковид мерките кои досега беа на сила со цел спречување на понатамошното ширење на Ковид-19.

Најпрофитабилните три лаборатории се воедно и најголеми по остварен приход од продажба на услуги. Агрегатот од добивката на трите лаборатории лани изнесува 6,8 милиони евра и тоа е речиси дупло повеќе од 2020 година

Обвинителството за организиран криминал и корупција привремено му замрзна 370.000 евра, имот на „Дивелоп Груп“ во сопственост на Александар Ивановски, контроверзниот бизнисмен познат уште како Алек „Теранова“.

Владата ќе и плати на приватната агенција за вработување „Спид“ 130.000 евра за привремени вработувања. Договорот е склучен на 11 март годинава, а потпис ставил доскорешниот генерален секретар во Владата Мухамед Зеќири.

Слично

Поврзани вести