Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија протера руски дипломати, ќе има одговор од Москва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија протера руски дипломати, ќе има одговор од Москва

МАКЕДОНИЈА ПРОТЕРА РУСКИ ДИПЛОМАТИ

Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска бил повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата, соопшти МНР.

„Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“, се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи.

ЌЕ ИМА ОДГОВОР ОД МОСКВА ЗА ПРОТЕРУВАЊЕТО НА ДИПЛОМАТИТЕ

Русија ќе преземе мерки откако Македонија протера руски дипломати. 

„Москва ќе биде принудена да преземе возвратни мерки по протерувањето на дипломатите од Северна Македонија“, објави руското Министерство за надворешни работи.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави дека ваквата одлука на Северна Македонија е непријателски чекор и продолжување на курсот кон „брзо распаѓање на билатералните односи со Русија“.

МАРИУПОЛ Е ПОД КОНТРОЛА НА РУСИТЕ

Првиот човек на украинскиот град Мариупол, Вадим Бојченко денеска изјави дека неговиот град е во рацете на окупаторот. 

Тој рече дека не е се во нивна моќ. 

„За жал, денеска сме во рацете на окупаторите“, рече Бојченко во телевизиско интервју во живо, пренесе Си-Ен-Ен.

Бојченко повика на евакуација на преостанатите жители на Мариупол, кој имаше над 400.000 жители пред Русија да започне инвазијата на 24 февруари.

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ

Растот на цените на нафатата ги поскапе горивата во Македонија. Од ноќеска на полноќ поскапуваат и бензините и дизелот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Со денешната одлука се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 отсто во однос на одлуката од 25 март. Така бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), поскапуваат за денар и половина.

По новиот ценовник, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,5 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,5 денари за литар, додека литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во малопродажба ќе се продава за 87,5 денари.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Не запираат вработувањата во јавниот сектор и во државните институции. Речиси секој ден или најмногу на два дена се распишуваат огласи за примање на кадри на веб страната на Агенцијата за администрација.

Компаниите кои функционираат во слободните економски зони (ТИРЗ) не можат да произведуваат сами енергија од обновливи извори затоа што тоа не е дозволено законски, но Дирекцијата разгледува опција тоа да се реши со постапка на јавно приватно партнерство.

Војната во Украина, но и енергетската криза која го погоди светот, доведоа до поскапувања во Европа. И во Италија постои загриженост поради зголемувањето на цените, но и за тоа дали набрзо ќе се најде решение за војната во Украина и состојбата ќе се нормализира.

Слично

Поврзани вести