ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија пак се гуши во загаден воздух
АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ЗЕМА ЗАМАВ
Скопје вечерва се најде на 9-то место на листата нa air visual меѓу најзагадени градови во светот.
Прв е Лахоре во Пакистан, втор е Њу Делхи во Индија, а трет е Дака во Бангладеш.
На 4-то место е Ташкент во Узбекистан, а на 5-то е Мумбаи во Индија.Состојбата се менува од час во час.
ДСЗИ ИМА ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА 5 ГОДИШНОТО ДЕТЕ КОЕ ПОЧИНАДЗСИ ќе иницира постапка за стручен надзор за лекувањето на петгдишното дете на Детската клиника.
Здравствениот инспекторат утврди недостатоци во медицинската евиденција на петгодишното дете кое почина минатата недела на Детската клиника. Велат дека на потврдата за смрт наведена е дијагноза менингоенцефалитис, но истиот не е лабораториски потврден. Обдукција не е извршена на барање на родителите.
Од инспекторатот најавија дека ќе бараат и формирање на посебна комисија која ќе изврши стручен надзор врз лекувањето на детето.Министерот за здравство Арбен Таравари сѐ уште не го добил извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од вонредниот надзор на Клиниката за детски болести по смртта на петгодишното девојче со воспаление на мозокот.
ФЕТАИ ВО ПОЛИЦИЈА ГИ ПРИЈАВИ ЗАКАНИТЕ
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи објави фотографија како во полициската станица Центар пријавува закана пристигната на неговиот мјелс. Функционерот, кој инаку е дојден од Брисел, минатата недела објави дека добил заканувачка порака и сега бара да се најде лицето и да му следува затвор.
„Денеска во 11:00 часот во Полициска станица Центар (1) пријавив дека добив смртна закана во мојот службен мејл на кој пишуваше „КУРШУМ ВО ГЛАВА ЗА ТЕБЕ ШИПО ФЕТАИ“, по изјава за отстранување. на дефиниција „20 проценти“ за албанскиот јазик.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
На Централниот депозитар за хартии од вредност денеска осамна нов акционер во хотелската компанија „Македонијатурист“, а тоа е друштвото за трговија, производство и услуги М.Г. Фешн ДОО Увоз-извоз од Скопје, кој сега поседува акционерски пакет од 7,69 проценти од вкупниот акционерски капитал на компанијата.
ТТ Кабели, компанијата за производство на нисконапонски кабли, управувана од поранешниот градоначалник на Неготино, Тони Делков, доби државна помош за изградбата на новата фабрика „Кабекс Каблес“, инвестиција што доаѓа од БИХ.
