Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија ќе купува течен природен гас од Америка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија ќе купува течен природен гас од Америка

МАКЕДОНИЈА ЌЕ КУПУВА ГАС ОД САД

Македонија ќе купува течен природен гас од Америка.

Владите на  Македонија и на САД објавија заедничка изјава по одржувањето на втората сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

Договорот вклучува купување течен природен гас од САД, воспоставување на едношалтерски систем за извозот и инвестициите од САД, заедничката посветеност кон колективната безбедност на НАТО, зголемување на трошоците за одбрана од 5 отсто од БДП до 2035 година, при што Македонија се обврзува да даде донација  во рамките на Списокот на приоритетни потреби на Украина. САД се обврзуваат да обезбедат техничка помош за зајакнување на дигиталната инфраструктура во сите министерства на  Македонија, да дадат  3.523.000 американски долари помош за да се  зајакнат капацитетите на органите на прогонот кај нас (МВР), како и управувањето со границите, што ќе ги „направи двете земји побезбедни, посилни и попросперитетни“. Програмата, пак, за глобален влез на САД (Global Entry) ќе овозможи забрзана проверка на однапред одобрени патници од Северна Македонија со низок ризик по пристигнувањето во САД, така што нема ништо од најавите за укинување на визите или враќање на иселеничките визи. 

Според соопштението на МНР, посебен акцент е ставен на енергетската диверзификација и зголемувањето на сигурноста на снабдувањето со природен гас, како и на унапредувањето на инвестициската клима и трговските односи.

СОБРАНИЕТО ГИ ИЗБРА МИТРЕСКА И ВЕЛИЧКОВСКИ ЗА ВИЦЕГУВЕРНЕРИ НА НАРОДНА БАНКА

На предлог на гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, Собранието денеска ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, коишто ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години.

„Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и искусен професионалец во централнобанкарското работење со дваесет и петгодишно работно искуство во Народната банка. Во својата професионална кариера има значаен придонес во активностите поврзани со макроекономските анализи, среднорочните проекции и истражувачката работа на Народната банка. Од почетокот на својата кариера во Народната банка, активно е вклучена во комуникацијата со меѓународните финансиски институции и агенциите за кредитен рејтинг и е авторка на повеќе научни и стручни трудови од областа на монетарната и фискалната политика. Игор Величковски е избран за вицегувернер како истакнат професионалец во областа на платните системи и финансиските пазари. Тој е доктор по монетарна економија на Универзитетот во Стафордшир, Велика Британија. Величковски е дел од Народната банка повеќе од триесет години. До именувањето ја извршуваше функцијата директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи. Неговиот професионален ангажман опфаќа значајни реформи во платната инфраструктура, како и активна улога во процесите на модернизација и интеграција, вклучително и приклучувањето на земјата кон Европската област за плаќања во евра (СЕПА) во 2025 година“, велат од Народна банка. 

АЦО РИСТОВ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РКЕ

Собранието денеска го избра Ацо Ристов за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). 

Ристов доаѓа на местото на Марко Бислимовски, кој се повлече од функцијата во февруари годинава.

Ристов е дипломиран електроинженер со повеќе од три децении искуство во секторите енергетика, хидроенергија и инфраструктурни системи. Во својата кариера, тој работел на управување со комплексни проекти како хидроелектрани и пречистителни станици.

УСВОЕНА Е ОСТАВКАТА НА ЛЕНЧЕ РИСТОСКА

Советот на јавните обвинители на денешната четириесет и втората седница го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје.

Претседателот на Советот, Башким Бесими, информира дека Ристоска на 2 април годинава поднела барање за престанок на функцијата јавен обвинител по сопствено барање.

- Овде нема расправа, констатирам дека е усвоено барањето за престанок на функцијата на Ленче Ристоска - иззјави Бесими. 

АУДИО СНИМКИ БЕА ПРЕЗЕНТИРАНИ СО КОИ СЕ ДОКАЖУВА ДЕКА ИВАНА И КАТЈА ТРПЕЛЕ НАСИЛСТВО

Аудиоснимки од три пријави во полиција, направени на 2 март 2026 година, кои директно му претходеле на трагичниот настан, во кој Ивана Јовановска го загуби животот заедно со шестгодишната ќерка Катја, денеска беа презентирани како клучни материјални докази пред Основниот кривичен суд Скопје на судењето против сопругот Стојанче Јовановски. На снимките од кобниот ден јасно се слушаа расправии и физичко насилство, при што обвинетиот Стојанче ѝ порачува на жртвата дека повеќе нема да го види детето и дека ќе ѝ го уништи животот.

Покрај доказите од 2 март, во доказната постапка пред судот хронолошки беа изведени аудиоматеријали од 2024, 2025 и 2026 година, кои сведочат за континуирано семејно насилство во изминатите години. Презентираните материјални докази опфаќаат пријави направени лично од починатата Ивана, од мајка ѝ Љубица, од мајката на обвинетиот, како и од анонимни соседи и очевидци.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Април месец е период кога граѓаните сакаат да ги средат своите дворови и ангажираат градинари. Луѓето кои ги разубавуваат дворовите велат дека во Скопје има работа и може добро да се заработи.

Во 2025 година државата доделила значајна финансиска поддршка за странски инвеститори, при што вкупната државна помош достигнала 1.264.811.245 денари или околу 20,5 милиони евра, што претставува околу 0,12 отсто од БДП. 

Бизнисменот Влатко Серафимовски од минатиот месец е нов сопственик на агрокомбинатот Борец кој претходно во полошкиот регион под холандска инвестиција прерасна во еден од најголемите расадници на зимзелени садници во Европа.

Новиот извештај на Агенцијата за администрација покажува остар раст на одлуките за избор на нови примени административци во 2025 година, а фактот што повеќе од половината јавни огласи биле објавени во ноември и декември отвора сериозни прашања за темпото и за времето на новите вработувања.

фото Фејсбук/Тимчо Муцунски

Слично

Поврзани вести