Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија им оддава почит на загинатите во Кочани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија им оддава почит на загинатите во Кочани

ПОМИНА ЕДНА ГОДИНА ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на поменот на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани. Тој се потпиша во книгата на жалост, а мајката на една од жртвите во кочанската трагедија на премиерот му закачи на палтото беџ со скршено срце на кое пишува Кочани 16.03.2025. Беџот му го стави Габриела Наунова, мајката на трагично загинатата Надица Наунова.

Штипјани вечерва на градскиот плоштад „Слобода“ им оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, лани на 16 март. Mеѓу жртвите беа и пет штипјани.

Комеморативната програма почна со поставување камен-темелник за спомен-обележје кај малата фонтана, а продолжи со палење свеќи и со симболично „ѕвездено небо“, кога присутните ги вклучија светилките од мобилните телефони.

Имињата на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и Александар Коларов, ќе бидат изгравирани на спомен-обележјето.

Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни. Годината што измина само успеа да го соочи Кочани со страшната вистина дека засекогаш ги нема. Не можевме да ги заштитиме од смртта, но можеме да го зачуваме споменот за нив, да споменуваме дека имаме чета ангели на небото, кои се молат за нас, и да се гордееме што ги имавме со нас на земјата како наши чеда, браќа и сестри, роднини, пријатели. Ова беше пораката од денешниот комеморативен настан „Ден на сеќавање - 16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани на одбележувањето на годишнината од трагичниот настан. 

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 7 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 6,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,5 денари за литар, 88,5 денари ќе чини ЕУРОСУПЕР БС-98, 92 денари ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), а  89,5 денари Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). 

Се зголемува и  цената на Мазутот М-1 НС, за 4,867 денари и новата цена на килограм изнесува 47,453 денари. 

СДСМ ЌЕ ГО ИСКЛУЧИ ШИЛЕГОВ

СДСМ денеска соопшти дека Извршниот одбор донел одлука и иницирал постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на партијата. Според партиското соопштение, одлуката е донесена на денешна седница на ИО, со што случајот влегува во формална внатрепартиска процедура и добива дисциплинска, а не само политичка димензија.

Партијата тврди дека тој е уценет и дека, како што наведува, „одработува за ВМРО“. Во истото соопштение СДСМ ја поврзува оваа одлука со сопствените тврдења дека ја разоткрила, како што наведува, бизнис шемата на Христијан Мицкоски во енергетиката, „од Адамовиќ до Руднап“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Војната на САД и Израел против Иран почна да ја потресува и Европската Унија. Не станува збор само за политичките и економските последици за Унијата. Таму почна да се зборува за нови напуштања на Унијата. 

Акционерското друштво Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје во периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година остварило нето добивка од 32.102.266 денари, односно околу 522.000 евра, што е благо намалување во однос на 2024 година кога добивката изнесувала 33.704.702 денари, односно околу 548.000 евра. 

Народната банка објави оглас за вработување на двајца извршители на определено време во траење од две години, при што за едната позиција основната нето-плата достигнува 83.306 денари (околу 1.355 евра) месечно. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести