Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија и САД ќе одржат сесија на стратешкиот дијалог

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија и САД ќе одржат сесија на стратешкиот дијалог

МАКЕДОНИЈА И САД ЌЕ ОДРЖАТ СЕСИЈА НА СТРАТЕШКИОТ ДИЈАЛОГ

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изрази очекување дека Стратешкиот дијалог со САД ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, на трговската и економската соработка, како и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните.

Партнерството со Соединетите Американски Држави претставува стратешко партнерство од клучно значење за државата, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Тој најави дека на 7 април Македонија ќе одржи сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон.

– Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамките на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон – истакна министерот Муцунски во гостување на Телма.

Министерот информираше дека делегацијата која ќе патува во САД ќе биде предводена од него, како шеф на делегацијата, а ќе бидат вклучени и министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и за енергетика.

Муцунски изрази очекување дека Стратешкиот дијалог со САД ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, на трговската и економската соработка, како и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните.

САВЕСКИ НЕ САКА ДА ЈА КОМЕНТИРА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава нагласувајќи дека првото нешто што го направил откога е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство и најави дека планира средби и со сите јавни обвинители, односно во подрачја на вишите јавни обвинителства, кои се четири, па потоа и со основните. 

Прашан за коментар на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека очекува одговори за работата на Катица Јанева и СЈО, Савески во изјава за медиумите пред денешната седница на Советот на ЈО рече дека нема да коментира ничија изјава. 

Прашан што ќе направи во однос на шпекулациите дека има предмети што се чуваат во фиока, Савески нагласи дека е само неколку дена на функцијата и дека за секоја одлука јавноста ќе биде навремено известена. 

СДСМ ВЕТУВА РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг за новинари, објави нова мерка која што е вклучена во новата предлог програма на опозициската партија, а се однесува на кратење на работната недела од сегашните пет работни дена на четири работни дена. 

„Станавме нација со најдолг работен циклус.Нација која е најпреработена, најисцрпена и соочена со масовен „burn out“. Луѓе работат преку авторски договори или со т.н лажно самовработување. Затоа е потребна гарантирана сигурност и извесност на работните места. По една година, трајна работа, ставаме крај на договорите на месец дена. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Столари, програмери, градежни инженери, монтери, продавачи, касиери, хигиеничари, службеници, општи работници... Ова се мал дел од дејностите за кои во овој период има активни огласи за вработување објавени на веб страната на Агенцијата за вработување.

Во само 70 дена фирмата влегува во АНБ, во објекти поврзани со МВР, во Јавното претпријатие за државни патишта и во Централниот регистар, што отвора сериозни прашања за критериумите, конкуренцијата и јавниот надзор.

Македонија пред шест години формално беше прогласена за нова членка на НАТО, најмоќната воено-политичка организација во светот, откако ја плати највисоката цена во историјата на надворешните односи со промената на името во Северна Македонија по принципот „ерга омнес“, или за севкупна домашна и меѓународна употреба.

фото Фејсбук/Тимчо Муцунски

Слично

Поврзани вести