ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија и Британија потпишаа договор, на располагање е кредит од 6 милијарди евра
МАКЕДОНИЈА И БРИТАНИЈА И ОФИЦИЈАЛНО ГО ПОТПИШАА ДОГОВОРОТ
Maкедонските и британските власти денеска во Лондон го потпишаа Договорот за стратешко партнерство.
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас го потпишаа историскиот Меѓувладин договор за партнерство за инфраструктура, вреден пет милијарди фунти.
„Веќе се подготвени три приоритетни проекти: брзата железничка врска по Коридорот 10, модернизација на болниците и изградба на нов Медицински факултет. Ќе продолжиме со проекти и во енергетиката и заштитата на животната средина“, рече Николоски.ДВА СЛУЧАИ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ СЕ ОТКРИЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА
Два случаи на мајмунски сипаници се лабораториски потврдени во Македонија. Двајца пациенти упатени од Клиниката за кожни болести денеска пристигнале во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) со симптоми сомнителни за ова вирусно заболување.
Од ИЈЗ соопштуваат дека веднаш по приемот на пациентите се постапило согласно протоколите – направени се испитувања за мајмунски сипаници, како и за ХИВ, сифилис и херпес.ИМА ОБВИНЕНИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА
Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истрагата и до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“. Првото обвинение, кое се однесува на економското работење на Клиниката опфаќа две лица. Првиот обвинет, во својство на службено лице – медицински директор и вториот обвинет, во својство на организациски директор на Клиниката се обвинети за продолжени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама во службата и Проневера во службата. Повеќето од дејствијата ги сториле во соизвршителство и во временски период од 2018 до 2022 година.
MAJKA OД КОЧАНИ ДАЛА ОТКАЗ ЗА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СИНОТ
Мајка на еден од повредените во пожарот во дискотеката „Лулс“ во Кочани разкажа за нивните маки по враќањето на синот од лекувањето во Грција.
Силвана Петрова е мајка на повредениот Трајче Петров и таа за организацијата „Support Kocani“ објасни дека целото семејство сега е во многу тешка ситуацијата.
Силвана во видеото подолу раскажува дека веќе има повозрасен член во семејството за кого мора да се грижи, а со повредите кои ги добил Трајче во пожарот сега мора да се грижи за двајцата бидејќи не можат да функционираат самостојно.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Од Анима Мунди вчера објавија дека деца во Гевгелија измачувале штрк и бараат реакцијата од надлежните, но она што треба да го знаеме е дека штрковите се многу значајни и корисни во природата.