Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија гори, пожари во Дојран, близу Свети Николе и Пехчево

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија гори, пожари во Дојран, близу Свети Николе и Пехчево

МНОГУ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА

Рекордни 54 пожари има во земјава, а 19 пожари ќе горат и ноќва, при што загрозено е селото Негрево и Пехчево.

Директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов додаде дека ризичен е и атарот во кумановско.

И во кратовско и неготинско пламените јазици навлегуваат во одредени села.

Повторно е активен пожарот кај Негрево во околината на градот Пехчево. 

МВР ВЕЛИ ДЕКА ОД ВЕНЕЦУЕЛА НЕМА БАРАЊЕ ЗА ПРОВЕРКИ ПО ОБИНУВАЊАТА ДЕКА МАКЕДОНСКИ ХАКЕРИ НАПРАВИЛЕ ПРОБЛЕМ СО ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛАТИ

Се огласи полицијата откако властите во Венецуела ја обвинија Северна Македонија за хакерски напади. 

Министерството за внатрешни работи(МВР) објави дека ги следат случувањата во однос на наводните обвинувања кон македонски државјани. Како што информираат досега, не се пристигнати никакви барања или информации од властите во Венецуела за понатамошни проверки.

ВРЕДИ И ЗНАМ СО РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА БАЛАНСЕРОТ

За  министерот за јавна администрација Горан Минчев новиот балансер е затворена тема. Се повикува за Законот за вработени во јавниот сектор и нема намера да ја смени одлуката со која беше променета методологијата на пресметка на процентот на население од етничките заедници. На коалиционите партнери од  „Вреди“ им порача да читаат закони и да не се занимаваат со дневно-политички теми.

Минчев нагласи дека основната заложба на оваа Влада е етничкиот предзнак да не биде принцип за вработување, туку во администрацијата да се вработуваат кадри врз база на знаење и на квалитет.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Жителка на Дојран за Фактор вели дека гори населбата Карач, поранешен Гранит каде што има многу нови куќи и викендици. Веќе е исклучена струјата, а не функционираат ниту телефоните

Maкедонија има 34 градови, при што дел од населението може да се пофали со солидна бројка на посетени места, но има и обратни случаи.

Амбулантите и во текот на летниот период се преполни со луѓе кои имаат респираторни проблеми, а дел од нив се дијагностицирани со пневмонии. 

Доминантниот акционер во ОКТА, грчката државна компанија ЕЛ.П.ЕТ покажа исклучително високо ниво на корпоративна одговорност спрема малите акционери – домашни физички лица кои ги има над 1.200 . Секој од ниво што продаваше акции деновите наплати по речиси 100 евра за акција. Тоа е за 64 отсто повеќе од најниската годишна цена која изнесуваше 60 евра за акција

Ново намалување на невработените лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување е регистрирано за месец јуни. Според најновите податоци невработени се 101.510 граѓани, додека дополнителни 46.201 лица исто така бараат работа.

Слично

Поврзани вести