ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија ги згрижи Авганистанците, Дендиас дојде во Скопје, има и нови мерки за излез од земјата
АВГАНИСТАНЦИТЕ СЕ ЗГРИЖЕНИ ВО ЗЕМЈАВА
Сите 149 бегалци oд Авганистан се тестирани на коронавирусот и се негативни.
Сите 149 Авганистанци кои синоќа пристигнаа на аеродромот во Скопје се негативни на ПЦР-тест за корона, потврдија од Владата за МИА.
Тие синоќа стигнаа во Скопје од Тбилиси со авион на компанијата „Камаир“.
Една од жените која допатува бремена се породи и има машко бебе.
ДЕНДИАС ГО ПОСЕТИ СКОПЈЕМинистерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата со неговиот грчки колега Никос Дендијас во Скопје рече дека меѓудругото се разговарало и за имплементацијата на Преспанскиот договор во рамки на сообраќајните знаци во Грција, на кои е предвидено да се најде новото уставно име на земјата, но шефот на македонската дипломатија вели дека засега локалните власти таму не се расположени за тоа.
- Објаснувањето реално е дека локалните власти се тие што не покажуваат ентузијазам, меѓутоа и по однос на тоа прашање разговаравме пошироко и мислам дека во наредниот период ќе има решение, рече Османи на прес-конференцијата.
Тој додаде дека останува силната верба во Преспанскиот договор и во стратешкото партнерство што произлегува од истиот. Османи подвлече дека по оваа средба, односите со Грција ќе бидат уште посилни.ВЛАДАТА ДОНЕСЕ НОВИ МЕРКИ
Донесени се мерки за излез од државата.
Владата на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на Република Северна Македонија на граничните премини ќе мора да приложат:
- Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19; или
- Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или
СДСМ ОБЈАВИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска на прес конференција изјави дека ја заокружуваат кадровската понуда за локалните избори.
Во Куманово одат на избори со Оливер Илиевски , во Центар со Горан Герасимовски, во Ѓорче Петров кандидат ќе биде досегашниот градоначалник Александар Наумовски. Христо Кондевски е кандидат за градоначалник на СДСМ за Битола. Во Шуто Оризари кандидат ќе биде Асан Ферат, во Кривогаштани е Никола Мисовски, во Струга партијата ќе трча со Димче Шипинкаровски, во Гевгелија кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Сашко Поцков, во Дебарца со Игор Крцковски.
Во Струмица кандидат за градоначалник ќе биде Костадин Костадинов. Во Македонска Каменица за нов мандат ќе се бори Соња Стаменкова.ДЕНЕС 37 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 5.844 тестирањe, а регистрирани се 870 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 368, Тетово – 78, Гостивар и Куманово – по 53, Кичево – 40, Струмица – 39, Прилеп – 29, Охрид – 28, Кавадарци– 22, Струга – 20, Битола и Дебар – по 15, Ресен - 13, Свети Николе – 12, Велес и Радовиш – по 11, Делчево – 8, Неготино – 7, Кочани, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 5, Крива Паланака, Берово и Виница – по 4, Штип, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3. Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар – 1.
Регистрирани сe 661 оздравени пациенти од: Скопје – 227, Тетово – 110, Гостивар - 72, Струмица – 64, Кичево – 54, Куманово – 43, Штип – 16, Битола – 15, Радовиш и Дебар – по 11, Кочани – 9, Ресен – 8, Берово и Кратово – по 5, Велес – 4, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 2, Гевгелија – 1.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
