ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија e избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК
MAКЕДОНИЈА Е ИЗБРАНА ЗА ЧЛЕНКА НА ЕКОНОМСКИОТ И СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ НА ОН
Македонија е избрана во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН).
Нашата земја е избрана со 174 гласа за, во друштво со Португалија, Германија, Франција и други 10 држави.
„Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН - ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. Овој избор е потврда дека државата може да постигнува резултати кога работи плански, сериозно и со јасна дипломатска цел. Тоа е признание за трудот на нашата активната дипломатија и за довербата што ја градиме со нашите партнери. Во изминатиот период Македонија стана членка на Советот за човекови права на Обединетите нации, како и на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје. Денешниот избор во ЕКОСОК е продолжение на тој позитивен тренд и доказ дека нашето присуство во меѓународните организации станува посилно и повидливо. Нашата цел е Македонија да биде држава која не стои на маргините, туку активно учествува, гради партнерства и придонесува во решавањето на прашањата што се важни за граѓаните и за меѓународната заедница. Овој успех е резултат на работа, доверба и одговорен пристап. Продолжуваме да ја зајакнуваме позицијата на Македонија, да создаваме нови можности и да покажеме дека со сериозна работа нашата држава може да биде почитуван и активен дел од глобалните процеси“, пишува на Фејсбук, Христијан Мицкоски.
АХВ ЌЕ ГИ ОБЈАВИ МЛЕКАРНИЦИТЕ КОИ ГИ МАМЕЛЕ ГРАЃАНИТЕ
Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ) најави дека дури идната недела ќе ги објави имињата на млекарниците и операторите кај кои биле утврдени манипулации со декларациите, по силните реакции на јавноста за квалитетот на производите.
Директорот на АХВ, Оливер Миланов, изјави дека безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин, но и покрај тоа не ги соопшти компаниите што биле предмет на јавна дебата по објавите дека продавале производи со намален квалитет и состав различен од декларираниот.АРБЕН ФЕТАИ ЌЕ БИДЕ НАЗНАЧЕН ЗА СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК НА ВЛАДАТА ВО БРИСЕЛ
Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, објави дека досегашниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи ќе биде специјален претставник на владата во Брисел.
Градоначалникот на Чаир дека тох всушност поднел оставка од функцијата вицепремиер за добро управување за да биде ангажиран на оваа нова позиција.
Фетаи речиси два месеци на се појавуваше на владините седници и не остваруваше никаква видлива активност како вицепремиер за добро владеење, а истовремено ја добиваше платата.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
