ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија договори стратешко партнерство со Велика Британија - најавени инвестиции од шест милијарди евра
МАКЕДОНИЈА ДОГОВОРИ СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
По средбата со британскиот премиер Кир Стармер, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека овој договор е историски и тој ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра во инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството и други области.
„Со овој меѓувладин договор сигурен сум дека ќе имаме уште поголема билатерална соработка, ќе ги зацврстиме нашите врски и со ова ќе се не само искуството туку и ќе се сподели искуството на Обединетото кралство во тој дел на ЕУ и сметам дека Балканот е навистина инспиративно место“, изјави Мицкоски.ПРЕСУДА ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО
Тогашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми се осудени на една година и шест месеци затвор за пожарот на Модуларната болница во Тетово. Тетовската болница како правно лице е казнета со парична казна од 1 милион денари.
Судскиот процес се повтори, а во истиот беа обвинети двајцата директори и тетовската болница во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септемврри 2021 година при што животот го загубија 14 луѓе.Тогапш Етеми и Бесими како обвинети за тешки дела против општата сигурност ја добија истата казна но условно.ЧЕТИРИ ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ КОИ БЕА ВО СТРАНСТВО СЕ ВРАЌААТ ДОМА
Четворица пациенти повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а кои беа на лекување во странство, се враќаат во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Тие ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.
- Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се враќаат денеска од Белград, а четвртиот пациент треба да пристигне утре од Софија, со што во странските медицински центри ќе останат на лекување уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани. Пациентите кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба - појаснуваат од Министерството за здравство.НОВО РОЧИШТЕ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО НА ВАЊА И ПАНЧЕ
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
