Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонец е најден мртов во Бугарија, пријателите се сомневаат дека е убиен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонец е најден мртов во Бугарија, пријателите се сомневаат дека е убиен

МАКЕДОНЕЦ Е НАЈДЕН МРТОВ ВО БУГАРИЈА

Стојан Спасов, 26 годишен македонски државјанин е пронајден мртов пред шопинг мол во Бугарија пред три дена, а неговите пријатели апелираат да се расчисти случајот, бидејќи се сомневаат дека е убиен. Неговото тело е на обдукција и се уште не се знае причината за неговата смрт. 

Неговите родители и блиски пријатели се во шок за ситуацијата и апелираат до македонската полиција да истражи повеќе за случајот и да помогнат да се врати неговото тело во нашата држава.

ПОВТОРНО ИМАШЕ ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ

Како што соопштија од полицијата, нови дојави за бомби денеска се испратени до училишта во Скопје. 

Закани за поставена бомба има за четири училишта. Претходно не само во Скопје, туку и во Крива Паланка, Кавадарци, Битола, Куманово имаше дојави за бомби.

АПЕЛАЦИЈА ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ ЗОШТО ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА МИЈАЛКОВ

Заради големиот интерес на јавноста, советот на Апелациониот суд Скопје, информира дека првостепената пресуда за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков била укината и вратена на повторно судење затоа, како што велат од таму, била неразбирлива.

„Имено, внимајќи по службена должност советот на Апелациониот суд Скопје утврди дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок, односно во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите. Ова особено што писмено изработената пресуда мора во целост да одговора на изреката што е внесена во записникот и затоа објавувањето на пресудата треба да биде јасно и прецизно односно јавно објавената изрека од пресудата треба да ги содржи сите потребни елементи од член 408 од ЗКП. Ваквата суштествена повреда е од апсолутен каратер и ја прави пресудата нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување“, се вели во образложението на Апелација.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ЕСМ го објави тендерот за набавка на природен гас за топланите Исток и Запад за затоплување на скопјани од 1 јануари до 30 април, а најмалата количина која се бара е 100 милиони киловатчасови.

Граѓаните би сакале минималец кој би изнесувал 25.000 денари или над оваа сума, но сметаат дека во 2023 година ќе има мало покачување на минималната плата.

Слично

Поврзани вести