Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мајката на загинатата Надица во суд кажа дека полицаец одбил да помогне со образложение дека не е обучен за тоа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мајката на загинатата Надица во суд кажа дека полицаец одбил да помогне со образложение дека не е обучен за тоа

ТРАОРНИ СВЕДОШТВА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Сведочењето на Габриела Наунова, мајка на загинато девојче во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска во судот откри скандалозни пропусти во реакцијата на службите.

Наунова рече дека во моментите кога очајно се обидувала да ја спаси својата ќерка, побарала помош од полицаец, на што добила одговор „Јас не сум обучен за тоа“.

Таа додаде дека со раце кршела делови од објектот за да им овозможи воздух на девојчињата заробени во тоалетите, додека службените лица стоеле настрана. 

Во келијата на првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март годинава избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени бил пронајден мобилен телефон со сим картичка.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ РАЗМИСЛУВА ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ СО ДВЕ ЕВРООБВРЗНИЦИ

Министерството за финансии на почетокот на следната година планира да се задолжи со две еврообврзници од 500-тини милиони евра на меѓународниот финансиски пазар, наместо досега планираната една од 950 милиони евра.

Според неофицијални извориод министерството, двете еврообврзници ќе се издадат во рамки на првиот квартал од 2026, а засега останува непознато колкав ќе биде рокот за нивно враќање. Најверојатно едната ќе биде поскапа со подолг период на враќање.

Владата уште од септември планираше во јануари 2026 да издаде нова еврообврзница од околу 950 милиони евра – десетта по ред – за да обезбеди готовина за враќање на доспеаната еврообврзница од 700 милиони евра и уште околу 200 милиони евра стари обврски кон странство.

ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ДОБИ КАВАДАРЧАНЕЦОТ КОЈ ГО УБИ СВОЈОТ БРАТ

Основниот суд во Кавадарци 43-годишниот С.И. го осуди на казна доживотен затвороткако призна вина декаво јули го убил својот брат. Потоа го криел неговиот труп во бањата и во шупата.

- Обвинетиот на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат Илија Иванов. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дел од граѓаните одамна не испраќаат честитки, затоа што Новата година ја честитаат телефонски, со испраќање на СМС пораки или преку социјалните мрежи, но има и обратни случаи, односно некои луѓе купуваат честитки, кои ги испраќаат по пошта или лично ги подаруваат на блиските. 

Државната ревизија утврди сериозни пропусти во подготовката, усвојувањето и транспарентноста на програмската и финансиската документација на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), што директно влијаело врз законитоста и контролата на неговото работење во 2024 година. 

Поради тоа што не се трошеле и не се повлекувале редовно договорените износи од кредитирањето од Дојче Банка и Ерсте Банка за проектот за изградба на магистралните гасоводи Штип - Неготино - Битола и Скопје - Тетово - Гостивар, провизијата за неповлечени средства  од АД Номагас, националниот оператор на системот за пренос на гас, достигна 7,5 милиони евра.

Слично

Поврзани вести