Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mагла и загаден воздух во повеќе градови во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mагла и загаден воздух во повеќе градови во Македонија

МАГЛА И ЗАГАДЕН ВОЗДУХ ВО МАКЕДОНИЈА

“Од 20 часот на втори јануари до 9 часот наутро денеска на трети јануари 2023 година, авиокомпаниите откажаа 10 лета, а пренасочија 3 лета, поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина.

Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците.

Институтот за јавно здравје денешниот воздух во Берово, Гостивар и Тетово го прогласи за „екстремно лош“ поради зголемени концентрации на PM2.5 честички и ги повика жителите на овие градови да не излегуваат од дома непотребно.

Како “многу лош” се класифицира воздухот во Струмица, Битола 2, Кичево заради заради зголемените концентрации на PM10 честички, додека во Ѓорче Петров заради зголемени концентрации на PM2.5 честички. Од ИЈЗ предупредуваат дека некои поединци може да доживеат здравствени ефекти, а оние од чувствителните групи, посериозни здравствени ефекти.

Со денови скопјани не видоа сонце, и генерално концентрациите на ПМ 10 честичките во цела Македонија се далеку над дозволените граници. Најзагадени градови според податоците од  мерните точки се Тетово и Гостивар кои се обоени со пурпурна боја, додека главниот град е обележан со црвена боја, што значи дека загадувањето е „високо“.

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ

Регулаторната комисија за енергетика ги зголемува цени на нафтените деривати во просек за 1,68 отсто во однос на претходната одлука.

- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 5,153 отсот, кај дизелот за 2,830 проценти, кај екстра лесното масло за 3,424 отсто и кај мазутот за 0,596 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,334 отсто - соопштуваат од РКЕ.

ПРОЕКТИЛ ЕКСПЛОДИРАШЕ БЛИЗУ ФРАНЦУСКИ НОВИНАР

За време на известувањето на францускиот новинар Пол Гасние во живо на програмата на француската телевизија од украинскиот град Краматорск, проектил експлодирал на само неколку десетици метри од репортерскиот тим.

Експлозијата се случила ноќта на 2 јануари додека новинарите во живо ги пренесувале последиците од најновите бомбашки напади што Русија ги изврши врз градови низ Украина, пренесува „Дневник.хр“.

Застрашувачката експлозија го натерала новинарот и неговите колеги да побегнат, но за среќа нема загинати или повредени.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Денеска ги пренесуваме за вас впечатоците и очекувањата Бранко Грегановиќ, претседател на Управен одбор на НЛБ Банка Скопје.

Како главни предизвици во банкарската индустрија изминатата година би ги издвоил поддршката на клиентите во услови на влошен макроекономски амбиент и забрзано усвојување на новата и современа технологија, која се наметна како нужност со пандемијата.

Да има рангирање за најснаодливи акционери огромна е веројатноста дека извесна Наташа Милева од Скопје ќе биде една од најуспешните. Во предновогодишната еуфорија оваа дама, за која нема потврда дека работи во „Фершпед“, успеа да продаде 171.000 акција во „Уготур“. 

До почетокот на второто полугодие, граѓаните на Тетово, како и многубројните жители на градот кои живеат во странство, а за време на Новогодишните празници се дојдени дома, ќе може да најдат слободно паркинг место во дворовите на неколку училишта.

Голема државна помош со владина интервенција во буџетот, минатиот месец добиле АД Пошта и АД Водостопанство. Двете акционерски друштва во државна сосптвеност по правило треба да опстојуваат од самофинансирање, но за нив Владата само во декември како помош им префрлила вкупно 230 милиони денари на сметките, или поточно околу 3,8 милиони евра.

Слично

Поврзани вести