ФАКТОР НА ДЕНОТ: Луѓето во Скопје, Кочани и во другите градови оддадоа почит на загинатите во пожарот во „Пулс“
СОБИРИ ВО ЗНАК НА ПОЧИТ ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ПОЖАРОТ
Граѓани од сите возрасти излегоа вечерва на скопскиот плоштад, за да оддадат почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.
Граѓаните палеа свеќи, но и светеа со своите мобилни телефони. Преку транспарентите кои ги носеа искажаа револт против корупцијата која е присутна во земјава. Во Кочани во неделата загинаа 59 луѓе.ПРИ КОНТРОЛИ ОТКРИЕНИ СЕ ДИСКОТЕКИ КОИ НЕ НИ ИМААТ ЛИЦЕНЦИ ИЛИ СЕ ИСТЕЧЕНИ
Портпаролката на Владата, Марија Митева попладнево на прес-конференција изјави дека извршени се контроли во објекти кои имаат лиценца за кабаре, дискотека во државата.
Приложени се 22 лиценци на цела територија и 15 се со истечена важност. Откриени се и објекти кои воопшто немале лиценци.
„Во Скопје 13 објекти, од кои само 2 се со лиценца со важност за кабаре и 8 со истечена, а три објекти немаат никаква лиценца. Во Куманово имаме три објекти со дејност кабаре, сите се со важечки лиценци“, рече Митева.
ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ ПОМАГААТ ВО ЛЕКУВАЊЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ
Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево се пренесени во Полска на лекување, информираше Делегацијата на ЕУ во земјава на својата Фејсбук страница.
„Амбасадата на Полска овозможи транспорт со воздушна амбуланта на двајца повредени во трагичниот пожар во Кочани. Пациентите ќе ја добијат потребната нега во Полскиот источен центар за третман на изгореници и реконструктивна хирургија“, се наведува во објавата.Чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва на социјалната мрежа Х објави дека вчера пречекал медицински тим од Чешка да помогне на македонските лекари во лекување на повредените во пожарот во Кочани. Повеќе од 70 пациенти се префрлени на лекување во странство.
ЧИТАЈТЕ УШТЕфото Вангел Тануровски
