Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Луѓе од Интегра преминаа во ВМРО-ДПМНЕ, денес имаме 98 позитивни на Ковид -19

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Луѓе од Интегра преминаа во ВМРО-ДПМНЕ, денес имаме 98 позитивни на Ковид -19

ДЕЛ ОД ЧЛЕНСТВОТО НА ИНТЕГРА ПОМИНА ВО ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес - конференција изјави дека по разговори во изминатиот период, Интегра се интегира во ВМРО-ДПМНЕ. 

Трансферот на заедничка средба го официјализира  Мицкоски и потпретседателот на Интегра, Воислав Зафировски.

Зафировски рече дека лидерот на Интегра,  Љупчо Ристовски партијата ја претворил во секта во која не дозволувал да се слушне туѓо мислење.

Мицкоски рече дека во периодот кој следи ќе почне процесот на окрупнување на опозицијата во кој повеќе партии и организации ќе се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата Интегра велат дека нема преминување на раководството. 

По изборите е спроведена идеолошка диференцијација во тимовите, минатиот месец со едногласна одлука на Претседателството разрешен е Воислав Зафировски од сите раководни позиции во партијата поради преминат праг на морална грешка, а во меѓусебен договор двајца носители на листа си поднесоа оставка, информираа од Интегра. 

Како што додаваат, ВМРО-ДПМНЕ во својата немоќ да се поврати од пропаста, прибегнува кон подли методи на клиентелистички поткуп, уцени и закани кон лидерството на ИНТЕГРА, свесни дека како партија и идеологија го губат тлото под нозете и дека ИНТЕГРА го презема приматот во опозицијата врз македонските национални интереси.

ДЕНЕС ИМАМЕ НОВИ 98 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-17, Куманово-13, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-5, Велес-2, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-7, Гевгелија-7, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-2, Ресен-2. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 56 оздравени пациенит од: Скопје-19, Куманово-7, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Берово-3, Делчево-3, Свети Николе-2. 

Починати се 2 лица во болнички услови, пациент од Охрид (54г) и пациентка од Радовиш (51г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15791, бројката на оздравени пациенти е 13184, на починати е 648, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1959.

НОВО ВИДЕО ОД ТИК ТОК ПОТТИКНА РЕАКЦИИ

Момче се шегува на телефон со вработените од Брза помош и се снима за на Тик Ток. 

Се јавува на 194 и прашува дали е тоа пожарна. 

Видеото доби многу критики на социјалните мрежи. Граѓаните коментираат дека додека момчето се шегува. тие секунди се драгоцени за спас на нечиј живот. 

Претходно, момче од скопско објави видео на Тик Ток каде се гледа дека пали шума, по што полицијата го пронајде и ќе треба да одговара. 

Видеото можете да го видите тука. 

ВМРО-ДПМНЕ ПОВТОРНО ЌЕ ПРОТЕСТИРА

ВМРО-ДПМНЕ најави нов протест. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил најави нов протест за во вторник.

„Протест на ВМРО-ДПМНЕ во вторник, во 18:30 часот од Министерството за правда, мостот „Гоце Делчев”, до МНР“, пишува Мицкоски.

Додава дека Гоце е црвената линија за нашето достоинство. 

Мицкоски потенцира  дека ова е протест за народот, а целта е „За ЕУ, за Македонија, за Делчев“.

„Европската Унија, од која секој ден сме се подалеку со мафијата на власт, почива врз идеите на солидарност, заедништво и градење на мостови. Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно. Нашите историчари заслужуваат поддршка, затоа што Гоце е столбот на македонизмот“, пишува Мицкоски. 

Слично

Поврзани вести