Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Локализиран пожарот во Кочани, се бара одговорност од надлежните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Локализиран пожарот во Кочани, се бара одговорност од надлежните

ПОЖАРИТЕ ВО КОЧАНИ И КОКИНО СЕ ЛОКАЛИЗИРАНИ, НО ГОРИ НА ДРУГИ ЛОКАЦИИ

Поради високите температури пожарот беше како темпирана бомба, вели за Фактор, Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.

Објаснува дека досега градот не се соочил со ваков пожар, при што според груба проценка во повеќе пожари уништени се 250 хектари шума, а има и оштетувања на две куќи.

Пожарот во селото Кокино во Општина Старо Нагоричане е ставен под контрола. 

Покрај противпожарната единица од Старо Нагоричане и пожарникари од повеќе градови, на терен се и екипи од Армијата, од МВР, од ДЗСИ, Шумско стопанство и доброволци. Штетата  е огромна, на некои места сè уште чади, изгорена е борова, дабова и нискостеблеста шума. Во пожарот на Кокино нема повредени, но зафатени се неколку куќи во кои немало жители. Но, жариште има во Кокински дол. 

Повеќе од 36 часа екипите на ТППЕ Куманово помагаат во Старо Нагоричане, каде беснеат пожари. 

Огромен облак од чад се шири кај граничниот премин Богородица, на македонско грчката граница. 

Противпожарната патрола на МВР денеска ги посети опожарените места во кочанско.

СРБИЈА ИСПРАТИ ХЕЛИКОПТЕРИ

Четири српски хеликоптери ќе помогнат во гаснење на пожарите во Македонија. 

Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

„Државата е со граѓаните, а со нас денеска се нашите пријатели, мојот драг колега од Република Србија, Александар Вулин и српскиот помошник министер за кризни ситуации Лука Чаушиќ, кои ни испратија и 4 хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два хеликоптера и ќе сториме сѐ што можеме да ја спречиме огнената стихија низ државата. Голема благодарност до Република Србија, која повторно се покажа како сосед за пример, подавајќи рака кога ни е најтешко и до министерот Вулин лично, за денешната посета, поддршка и помош за Република Северна Македонија, за нашите граѓани - особено е значајно кога човек во неволја не е оставен сам на себе. 

СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ

Oд ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност за пожарот во Кочани.

Партијата ќе поднесе кривични пријави за премиерот Зоран Заев и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. 

„Денеска сме тука да побараме одговорност, за тоа што вчера наместо да стивне оваа огнена стихија тука од страна на надлежните, Стојанче Ангелов и сите останати коишто треба да бидат во тој кризен штаб, тие си беа по прослави. Стојанче Ангелов си глумеше селебрити и се сликаше со пејачи и со други лица од естрадата. 

Лидерот на Левица Димитар Апасиев прашува каква е таа НАТО Армија, кога треба да чека да се раздени за да дејствува на терен.

НОВИ 37 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

· Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19:

· Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар - по 1.

· Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Тетово – 10, Скопје – 4, Куманово – 3, Кичево - 2, Гостивар, Штип, Струмица и Кочани – по 1.

· Не се пријавени починати лица.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Вестите од берзата се охрабрувачки, по објавата на полугодишните финансиски извештаи! Дури 21 компанија за полугодие имаат приходи поголеми од 5 милиони евра. Македонската „супер лига“ ја сочинуваат нафтениот гигант „Макпетрол“, фармацевтскиот џин „Алкалоид“, трите најголеми деловни банки, двете челичарници, најголемата градежна компанија „Гранит“, Цементарницата „Усје“, шпедитерот „Фершпед“, големите производители на храна: Пекабеско, Витаминка....

Поранешниот оперативен директор на Македонски телеком, Горан Трајановски, е назначен за управител на новоформираната подружница на Телеком Србија која со овој акт српскиот оператор од крајот на јули официјално влегува на пазарот во Македонија 

Слично

Поврзани вести