ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија
ПАЛЕВСКИ Е ДОНЕСЕН ВО МАКЕДОНИЈА
Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо стапна на македонско тло. Во моментов се транспортира од скопскиот аеродром до истражниот затвор Шутка. Таму се спроведуваат посебни мерки поради неговото враќање во Македонија.
Во затворот во Шуто Оризари пристигнати се специјални единици, а сите затвореници се под клуч. Тој лани во декември беше уапсен во Турција.КАЦАРСКА ДОБИВАЛА ЗАКАНИ
Заканувач направил морбидна сцена за да и се закани на претседателката на Уставен суд,Добрила Кацарска, инаку претходно долгогодишен судија во Кривичниот суд.
Кацарска вои МВР пријавила дека во нејзиното подземно гаражно место во зградата каде што жовее во Центар пронашла импровизиран кревет и кујнски нож.
OБВИНИТЕЛСТВОТО ТРАГА ПО ЛИЦЕТО КОЕ ГО ЗАПАЛИ АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и вешти лица од Одделот за форензички истраги на МВР извршиле увид во Кисела Вода каде во текот на ноќта беше опожарен службен автомобил во сопственост на КПУ „Идризово“ – Скопје кој го користел директорот на установата, соопшти јавното обвинителство.
„Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел да се утврдат причините за опожарувањето. Обезбедени се снимки од видео надзор на околните објекти и се преземаат други дејствија“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Фактор прв ја објави веста и фотографиите од страотниот пожар.БЕЌАРОВСКИ БАРА ИЗВИНУВАЊЕ
Откако на фејсбук страната на Министерството за здравство беше објавено дека разрешувањето на медицинскиот директор на клиниката Д-р Данил Петровски е разрешен од позицијата медицински директор на Клиниката за токсикологија поради несовесно работење во целиот овој изминат период, а беше објавен и документ во кој имаше сериозни обвинувања до докторот Нико Беќаровски, дека наводно ги навредувал вработените по национална основа, се огласи докторот Беќаровски.
Тој во коментар на објавата на министерството, директно му се обрати на министерот за здравство, Илир Демири.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
