Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лев Тахор се сместиле во охридско, жителите ќе протестираат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лев Тахор се сместиле во охридско, жителите ќе протестираат

ЕВРЕЈСКАТА ГРУПА ЛЕВ ТАХОР Е ВО ОКОЛИНАТА НА ОХРИД

Припадниците на еврејската група Лев Тахор се сместени во охридско, во хотел во  Лакочереј, објави охридскиот медиум news1.mk.

Се тврди дека жителите на ова Охридско село веднаш штом ги виделе, реагирале бурно и барале веднаш да си заминат. Дури има организација на протест. Оваа информација не е потврдена од Министерството за внатрешни работи. Откако се појави во Куманово, полицијата соопшти дека групата ќе биде префрлена во Скопје и наскоро ќе замине од земјата. На 14 февруари Даријан Сотировски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници соопшти дека тие се припадници на еврејската секта, но дека во Македонија немаат дозвола за какви било верски активности.

Рече и дека нивниот престој во државата имал форма на транзит и најверојатно уште во текот на тој ден тие ќе ја напуштат државата, но тоа не се случи. 

ОСМАНИ КАЖА КАКО ЌЕ СЕ РЕШАВААТ ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА СО БУГАРИЈА

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи не гледа никаков проблем во внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Вели дека имаат барања од хрватската заедница и црногорската заедница од претходно и сега последно барање од Бугарите во Македонија. 

Maкедонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи вели дека со сеопфатен документ ќе го решиме прашањето со Бугарија еднаш засекогаш. 

Тој во Топ тема говореше на оваа тема. Вели дека со овој документ еднаш засекогаш ќе се гарантира дека ќе се затворат сите прашања со нашиот источен сосед.

„Најавата за ваков протокол не значи поместување од државните позиции. Напротив, тоа значи зацврстување дека нема да има нови барања или пак ќе има асиметрично исполнување од едната или од другата страна. Не сакаме ова прашање да го решаваме во парчиња“, рече Османи.

ИМА 234 ЗАРАЗЕНИ И 17 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 1.318 тестови, а регистрирани се 234 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 180, Кавадарци – 19, Куманово, Прилеп и Неготино – по 6, Велес – 4, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Битола, Струмица, Струга, Свети Николе, Дебар, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (234), регистрирана е 31 реинфекција.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата на последната седница му одобрила уште 665.000.000 денари, или 11 милиони евра, на Електрани на Северна Македонија, за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија.

Во земјава поскапуваат становите, но не само новите, туку и старите. Ова го потврдуваат од агенциите за недвижен имот ширум Maкедонија. 

Владата на последната седница му одобрила уште 665.000.000 денари, или 11 милиони евра, на Електрани на Северна Македонија, за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија.

Владата ќе го стега обрачот околу државните институции. Цел се јавните трошења, ама и расходите кои институциите ги добиваат од ЕУ фондовите, дознава Фактор. За таа цел се подготвува нов Закон за финасиска инспекција во јавниот сектор. Со одредбите на Законот треба да се зголеми контролата, злоупотребите и нетранспарентноста во трошењата на јавните пари. Намерата веќе е објавена и на Електронскиот национален регистар на прописи. 

Слично

Поврзани вести