ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лев Тахор дошле да посетат синагоги, Богојески се понуди да презимат на неговиот имот во Крушево
ОД ЛЕВ ТАХОР ВЕЛАТ ДЕКА ДОШЛЕ ДА ПОСЕТАТ СИНАГОГИ
Oд еврејската религиозна група Лев Тахор објаснија дека нема да останат долго во Македонија, откако наидоа на отпор од населението во Куманово, а сега и во охридско.
Тие се сместени во хотел во охридското село Горно Лакочереј и велат дека непотребно се создава омраза против нив. Ги отфрлаат тврдењата за нивните активности во местата каде привремено престојуваат.
„Тука сме туристички за да посетиме некои еврејски објекти, синагоги, да посетиме роднини, гробови на наши предци. Немаме планови да бараме никаков постојан престој, тука сме привремено, имаме дозвола од тримесечен престој, а немаме намера да останеме тука повеќе од еден месец“, рече таа.
Во врска со реакциите на локалното население, таа забележува дека непотребно се создава некаква омраза против нив, им се ускратува нивното право слободно да патуваат, да ги посетат местата за кои се и дојдени тука.БОГОЈЕСКИ СЕ ПОНУДИ ДА ГИ СМЕСТИ ЛЕВ ТАХОР НА НЕГОВИОТ ИМОТ ВО КРУШЕВО
Петар Богојески од Македонски концепт им понуди на припадниците на еврјската група Лев Тахор да се сместат на неговиот имот во Крушево.
„Оваа група Евреи, јавно ги поканувам да се сместат на мој имот во Крушево, да најдат мир и достоинство, да презимат… да бидат згрижени додека тоа им е потребно од Македонија! Немам комуникација со Еврејската заедница во Македонија, но слободно можете да ме контактирате, за да Ви помогнам!
Бог е голем, а ние смртните може само да помогнеме, вели Богојески.
Тој додава дека оваа група е прогонувана од сите само зашто практикуваат фундаментален Јудеизам и апелира антисемитизмот да запре.МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ПОМИНА ВО СОБРАНИЕТО
По три дена расправа на пленарна седница, денеска во Собранието беше изгласан Законот за изменување на законот за минимална плата, која од 1 март ќе изнесува 18.000 денари со тоа што во првта година државата ќе го субвенционира зголемувањето на придонесите кај бизнисите што до сега не го користеле тоа.
Од присутните 95 пратеници, позитивно се изјаснија 90 од нив, додека немаше никој против или воздржан. Главната поента на опозицијата беше тоа што ова законско решение не е гаранција дека скалесто ќе пораснат сите плати, односно дека ќе се изедначат на оние што добивале 15.000 и 18.000 и дека ќе се намали мотивираноста.MAНУ ГИ КРИТИКУВАШЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ги критикуваше преговорите со Бугарија, која пак бара да ги внесеме Бугарите во Уставот.
За промените на Уставот, денеска прв говореше претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев. Тој Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор, но и барањето за внесување на Бугарите во Уставот ги оцени како извор на нестабилност во регионот.
Коцарев рече дека Бугарија сака да ревидира дел од историјата на македонската борба за ослободување, но и да го ревидира самиот израз „фашистички окупатор“.ИМАМЕ НАД 670 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД И 21 ПОЧИНАТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.156 тестови, а регистрирани се 674 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 352, Битола – 44, Велес – 33, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Куманово – 22, Гевгелија – 21, Кичево – 17, Струмица – 16, Тетово и Гостивар – по 12, Охрид – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Штип – 6, Кочани, Струга, Свети Николе , Валандово и Крушево – по 5, Македонски Брод и Демир Капија – по 3, Крива Паланка, Делчево, Берово , Дебар и Богданци – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (674), регистрирани се 98 реинфекции.ВОЈНИК ЗАГИНА ВО ЛУГАНСК
Загина војник во Луганск.
Станува збор за војник на Народната полиција на Луганската Народна Република кој загинал во минофрлачки напад од вооружените сили на Украина, објави денеска мисијата на Народната република Луганска во Заедничкиот центар за контрола и координација на режимот за прекин на огнот.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
