ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЛДП покрена инцијатива за смена на градоначалничката Aрсовска преку референдум
ЛДП САКА ПРЕКУ РЕФЕРЕНДУМ ДА ЈА СМЕНИ АРСОВСКА
ЛДП има инцијатива за смена на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку референдум.
ЛДП покренаа иницијатива за собирање потписи со цел, преку референдум да ја сменат градоначалничката Арсовска. Потребни им се околу 46.000 потписи од граѓани, односно 10 отсто од вкупниот број гласачи во Град Скопје, а идејата им е референдумот да се одржи заедно со изборите во мај идната година. Начинот на собирање ќе го утврдува партискиот Централен одбор, веќе во понеделник. Освен референдум, ЛДП ќе иницираат и промена на Законот за локална самоуправа, кој до 1996 година нудел можност за отповикување на градоначалник. По измените од 2002 година, градоначалник може да биде сменет само ако е фатен во вршење на кривично дело. За Арсовска, ова е крајно несериозна иницијатива. Таа ги нарече сателит партии.
„Иницијативата е крајно несериозна и укажува на основни непознавања од страна на пратеник, кој би требало да знае дека, законите немаат ретроактивна примена, а кога веќе измислуваат иницијативи, нека ги покренат и за пајтон пратениците кои менуваат дрес согласно моменталните прилики од лукративна природа“, реагираше Арсовска.ТРИКАФТА Е НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска одржа прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија по повод пристигнувањето на лекот Трикафта за пациентите со цистична фиброза.
Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:
„Се сеќавам пред неколку месеци на кризата која се создаде поради бирократските процедури кои создадоа паника кај пациентите со цистична фиброза, оправдан беше нивниот револт, на нивните семејства, блиски. Оправдан беше и револтот на јавноста, а ние како Влада нешто мораше да смениме. Како министер за здравство, а пред сѐ како долгогодишен лекар секогаш во прв план ми биле пациентите и нивното здравје.ВАСЕВ ОСЛОБОДЕН ОД ОБВИНЕНИЕ
Поранешниот директор на Онкологија, Никола Васев, како и Игор Стојковски и Марија Симоновски, како доктори на оваа клиника се ослободени од судот за несовесно работење во службата. Според судот, немало докази.
Според Обвинителството и по поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година, тие три месеци на пацинет не му пропишувале терапија, по што здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Нови акционерски промени се случуваат во нашата најголема градежна компанија „Гранит“.
